Емотивниот товар што не ви дозволува да бидете среќни, според вашиот хороскопски знак
Вага
Вие сте прогонувани од секоја лага што сте ја кажале.
Како личност која ги цени вистината и искреноста, вам ви е особено тешко кога мора да излажете за нешто.
Точно дека лажењето е погрешно, но малите лаги кои не штетат никому, а ви помогнале да се извлечете од лоша ситуација, не треба да бидат ваш емотивен товар.
Скорпија
Вие сте амбициозна личност, па можеби најголемиот товар што го носите се неостварените цели.
Кога сакате да постигнете нешто, уверени сте дека ќе успеете и тешко ви е да прифатите пораз.
Но, мора да сфатите дека некогаш немате контрола над многу работи. Некогаш, дури и кога ќе го дадете најдоброто од себе, сепак нема да стигнете некоја цел. И, сето тоа е во ред.
Стрелец
Вие ја цените вашата слобода, па не можете да се помирите кога сте присилени да направите нешто.
Мразите да исполнувате туѓи желби и очекувања, но некогаш ова е неизбежно. И, не треба да биде причина за вашите бессони ноќи.
Во животот сите имаме обврски и мораме да правиме и работи кои не ни се допаѓаат за да добиеме нешто што сакаме. Па, направете ги и престанете да мислите на нив.
Јарец
Вашиот најголем емотивен товар се миговите кога не сте биле во можност да им помогнете на саканите, а сте ја ветиле вашата помош.
Според вас, ова е најголемото зло што можете да ѝ го направите на сакана личност и не можете да се помирите, без разлика што сте биле спречени од нешто надвор од ваша контрола.
Нормално е да се чувствувате лошо во овие мигови, но не дозволувајте да ги опседнуваат сите ваши мисли.
Некогаш работите не одат по план и мора да бидете пофлексибилни ако сакате да бидете посреќни.
Водолија
Дури и кога сте го направиле вистинскиот избор, вие се прашувате што би се случило ако сте тргнеле по друг пат.
Опседнати сте од овие мисли, дури и ако знаете дека тој друг пат би бил погрешниот избор.
Вие постојано ја анализирате секоја ситница од секоја ваша одлука, а ова не ви дава мир.
Пробајте да се помирите со вашите избори, особен оние правилните, и не размислувајте премногу за работите кои секако никогаш нема да се случат.
Риби
Вие сакате да им помогнете на буквално сите, сакате да им дадете поддршка на сите и не можете да се помирите кога не сте во можност да го направите тоа.
Болката на другите е и ваша болка, па и товарот на другите е и ваш товар, а ова ве прави мизерни.
Одлично е што сакате да помагате, но некогаш, едноставно, ја немате таа моќ.
Морате да се помирите со тоа.
Спирова С. | Црнобело