Рангирање на хороскопските знаци од најзабавни до најрезервирани (Стрелецот е на место број 1)
Место број 3 - Вага: Тие се најсоцијален хороскопски знак и дефинитивно знаат како да ги насмеат луѓето. Некогаш прават дури и работи од кои подоцна се срамат, но сè со цел за да ги насмеат другите.
Кој хороскопски знак секогаш е срцето на забавата и ги смее другите, а кој е најрезервиран и смислата за хумор ја покажува само пред најблиските?
Чии шеги се мевлем за срце и душа, а чии се малку саркастични и можеби на моменти дури и навредливи?
Рангирање на хороскоспките знаци од најзабавни до најрезервирани:
Место број 1: Стрелец
Тие се ведрина, оптимизам и имаат одлична смисла за хумор, па се вистинска доза на среќа каде и да се појават.
Прават луѓето да се чувствуваат подобро дури и во најлошите ситуации. Секогаш имаат забавна приказна, а и фантастични се со зборовите за утеха.
Место број 2: Близнаци
Тие се мудри со зборовите и имаат интелигентна смисла за хумор. Тие секогаш имаат на ум нешто забавно за да кажат и да ги насмеат сите.
Место број 3: Вага
Тие се најсоцијален хороскопски знак и дефинитивно знаат како да ги насмеат луѓето. Некогаш прават дури и работи од кои подоцна се срамат, но сè со цел за да ги насмеат другите.
Знаат како да балансираат во врските, ѝ веруваат на својата интуиција и имаат тон пријатели.
Место број 4: Лав
Тие се талентирани изведувачи и секогаш се во фокусот на вниманието со хуморот. Харизматични се и без проблем успеваат да направат сите погледи да бидат на нив.
Самоуверени се и зрачат каде и да се појават.
Место број 5: Овен
Тие се енергични и забавни и се лидери кога станува збор за гестикулации и таков тип на хумор, кој вклучува движења со раце или можеби превртување со очи.
Импулсивни се и зрачат со страст, а дури и доза на агресија, па затоа им се забавни на другите.
Место број 6: Девица
Тие имаат суптилен хумор и никој не знае да користи сарказам како нив. Имаат способност да пронајдат иронија во секоја ситуација и добро да ги насмеат сите со својот начин на гледање на работите.
Знаат како да ги ослободат сите од стресот при тешки ситуации.