Eден секс потег со кој можете да го излудите партнерот, според хороскопскиот знак
Лав: Тие имаат силна волја, горди се на вас и сакаат да ве опсипуваат со љубов. И иако пред светот ве претставуваат како главни, дома сакаат тие да бидат во фокусот, па дајте им да доминираат.
Како да му пристапите на партнерот кога станува збор за сексот, според хороскопот?
Eден секс потег со кој можете да го излудите партнерот:
Овен
Тие сакаат да ја имаат контролата и да знаат во која насока одат работите. Ќе бидат пресреќни ако се одлучите за секс поза во која тие ја има контролата.
За жените Овни совршена е каубојската поза, за мажите Овни – кучешката поза.
Бик
Тие се нежни и сензуални љубовни партнери, па сакаат интимност и поврзаност.
За нив совршена е мисионерската поза, каде се гледате во лице, си шепотите интимно и потоа си лежите со испреплетени нозе.
Близнаци
Тие се љубопитни и разиграни и со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Интелигентни се и приспособливи, па ќе ценат ако им предложите секс во автомобилот или во некое скриено катче за време на некоја забава.
Тие ќе ја ценат вашата спонтаност и ќе ве наградат за тоа.
Рак
Тие се отворени личности, полни љубов, но и непредвидливи затоа што може да станат многу емотивни, без никакво предупредување.
Покажете им љубов и посветност, приредете им интимна ноќ во која ќе се потрудите околу нив и ќе ви бидат благодарни за тоа.
Лав
Тие имаат силна волја, горди се на вас и сакаат да ве опсипуваат со љубов. И иако пред светот ве претставуваат како главни, дома сакаат тие да бидат во фокусот, па дајте им да доминираат со стоечката поза.
Потпрени до ѕидот и дури и со траги од нокти по телото и тие ќе ви бидат благодарни.
Девица
Тие сакаат играње по правилата и многу се амбициозни. Ретко земаат слободен ден, па затоа во спалната соба приредете им релаксација со побавно темпо и запалени свеќи.
Позата 69 ќе ви ја даде потребната грижа еден за друг, а тие ќе ви бидат благодарни.