Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак?
Вага
Иако сте свесни дека во лето не се издржува без кратки фустанчиња, кратки панталони и излегување со што е можно помалку облека, вие не сте многу воодушевени од ова.
Воопшто не ви се допаѓа летната мода и сметате дека е вулгарна. Па, едвај чекате да залади барем малку за сите, вклучувајќи ве и вам, да изгледаат попристојно.
Скорпија
Дури и кога сте во најдобро расположение, вие не можете да ја сфатите веселоста што владее во летната сезона.
Покрај тоа, без некоја причина, вам многу повеќе ви се допаѓаат постудените месеци.
Стрелец
Вие едвај го чекате летото бидејќи оваа сезона секогаш е можност за некоја нова авантура. Но, проблемот е што секогаш ви фалат повеќе слободни денови од работа.
Вашата желба за авантура не се задоволува само со одмор од недела-две – вам ви се потребни три месеци одмор.
Јарец
Колку и да сте амбициозни, факт е дека високите температури сите ги прават летаргични, дури и вам. Покрај тоа, кога сите се забавуваат, навистина е тешко да бидете продуктивни.
А, како највредниот и најамбициозниот знак во зодијакот, за вас ова е сериозен проблем.
Водолија
Вие го сакате летото, но не ви се допаѓа што многу работи се повторуваат.
Сите објавуваат исти фотки, сите носат иста облека, сите зборуваат само за одмор и концерти, сите ги прават истите работи…
Уште пред да дојде август, вам ви е преку глава од коктели, кошули со летни мотиви и разговори за плажи.
Риби
Вие вистински уживате во секое лето и сакате да го искористите максимално.
Но без разлика колку добро си поминувате, секогаш сте убедени дека претходното било подобро.
И, ништо не може да ве убеди во спротивното.
Спирова С. | Црнобело