Хороскопски знаци кои ги обвинуваат партнерите за сè лошо што им се случува во животот

Добриот брак подразбира љубов, но и жртви и компромис од двете страни. Има моменти кога едниот или двајцата партнери се соочуваат со неуспех. Тогаш тие можат или да го прифатат неуспехот или да го обвинат партнерот.

Horoskopski-znaci-koi-gi-obvinuvaat-partnerite-za-se-loso-vo-zivotot-01.jpg

Кои знаци од Зодијакот ги обвинуваат своите партнери за сите неуспеси во животот?

Овен

Како љубовни партнери, Овните понекогаш имаат проблем да бидат вистински и искрено вљубени во своите сопружници, затоа што се борат со себеси. Тие се борат со прифаќање и сакање на себеси.

Ова е една од причините зошто му наоѓаат маани на партнерот и имаат тенденција да го обвинуваат за сите мали нешта кои тргнуваат наопаку.

Тие не може да поднесат некој да се прифаќа себеси онаков каков што е, додека тие се несреќни со својот карактер. Ова може да го уништи бракот на долг рок.

Бик

Иако Бикот обично е многу искрен, тешко му е да го прифати неуспехот и често пати ја префрла вината на некој друг.

За да се чувствуваат помалку виновни, тие за сè го обвинуваат партнерот. Ова е еден вид на емоционална манипулација и со неа може да го измачуваат сопружникот со денови, недели, па и месеци.

Ова особено се однесува на работи поврзани со кариерата. Бикот е вреден и работи напорно, но кога ќе доживее неуспех во кариерата, виновник според него е партнерот кој или не го поддржувал доволно или му пречел во остварувањето на целите.

Водолија

Некои Водолии се големи нарциси и имаат тенденција да ги обвинуваат сите околу нив, наместо да ја препознаат личната одговорност како клучна причина за неуспехот.

Во вакви случаи, нивниот брачен другар станува колатерална штета. Кога работите ќе тргнат наопаку, Водолијата бара виновник, а тоа најчесто е личноста која е најблиска до неа и најмногу ѝ значи во животот.

Подоцна се каат за своето непромислено однесување, но ретко, речиси никогаш нема да ја признаат вината.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците с...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg