По ретроградниот Меркур, започна ретроградниот Сатурн – Што значи тоа за секој од хороскопските знаци?
Меркур ни донесе повеќе проблеми и пречки во комуникацијата, а ретроградниот Сатурн нѐ учи на важни животни лекции. Што може да очекува секој хороскопски знак во следниот период? Која е најважната лекција што преку случувањата во животот ќе ја научите?
По завршувањето на ретроградниот Меркур, Сатурн веднаш почна да се движи наназад, односно ретроградно.
За разлика од влијанието на Меркур што го чувствуваме околу еден месец, влијанието на ретроградниот Сатурн ќе трае малку подолго и тоа од 4-ти јуни, па сѐ до 23-ти октомври годинава.
Сатурн е планетата на правилата, ограничувањата и се поврзува со сите одговорности што ги имаме во животот, а секоја година се движи наназад во период од четири до четири и пол месеци.
Сатурн владее со сите аспекти во животот поврзани со временски рокови, трпение, зрелост, карма и во наталната карта тој вообичаено укажува на чувството на стабилност, животните лекции и ограничувања.
Долгиот временски период значи и дека ќе имаме повеќе време да се привикнеме на негативните влијанија од планетата, да ги преиспитаме сите одлуки поврзани со ограничувањата што ги поставуваме, но и да сфатиме што сме научиле од животните ситуации во кои ќе се најдеме.
Во продолжение погледнете што можете да очекувате во овој период и како подобро да се подготвите за она што доаѓа.
Овен
Доколку во последниот период правевте поголема селекција во однос на тоа со кои луѓе ќе контактирате и изградивте „ѕид“ околу вас, ретроградниот Сатурн ќе ве предизвика да ја преиспитате оваа одлука.
Ова ќе биде период во кој или ќе одлучите повеќе да излегувате и да се забавувате или уште повеќе ќе се повлечете во себеси.
Понекогаш е потребно да се ослободите од токсичните луѓе во вашиот живот.
Бик
Познати сте по напорната работа и максималната посветеност со која ги извршувате работните задачи.
Во својата ретроградна фаза Сатурн ќе ве научи како да заземете поцврст став и да покажете поголем авторитет пред колегите и претпоставените.
Можни се некои проблеми со напредокот во кариерата, но во следните 4 месеци ќе научите важна лекција што ќе ви служи понатаму во животот.
Близнаци
Цврсто се придржувате до сопствените уверувања и ставови за тоа како треба да го живеете животот, па понекогаш се чувствувате како да сте заробени во сопствената филозофија.
Во наредниот период ќе ги преиспитате сопствените одлуки и ќе размислувате повеќе за тоа како да ги поправите грешките од минатото.
Ќе воведете некои нови правила за себеси и ќе си дозволите повеќе да уживате во животот и во новите авантури.
Рак
Во изминатиот период имавте повеќе искуства што ве научија да бидете повнимателни со тоа со кого ги споделувате своите најголеми тајни, стравови, но и финансии.
Во следниот период очекувајте дека ќе станете уште поселективни во изборот на луѓето што ќе ја имаат таа привилегија да ви бидат блиски. Сметате дека вашата енергија е бесценета и не треба да ја расфрлате насекаде.
Во согласност со тоа ќе се посветите на градење поцврста врска што се заснова на доверба и интимност со луѓето што ви се најблиску и со кои се чувствувате безбедно.
Лав
Од минатите неуспешни врски научивте многу за љубовта, но и за тоа како да направите компромис.
За време на ретроградниот Сатурн ќе се посветите на најтешките прашања поврзани со вашиот љубовен живот, но и воопшто со односите со другите луѓе.
Знаете како да поставите поголеми ограничувања, да ги одбраните сопствените ставови и потреби, но и да преземете поголема одговорност за сопствените постапки. Тоа само ќе ве направи подобар партнер.
Девица
Вашиот работен ден воопшто не наликува на вообичаените денови од пред неколку години, нели?
Во изминатите години напорно работевте на тоа да направите измени во начинот на кој ги извршувате задачите, што воопшто не е лесно за вас, со оглед на тоа што сте познати по тоа што сакате еднаш да се организирате и да не менувате премногу во распоредот.
Ретроградниот Сатурн повторно ви носи нови предизвици и ќе ве натера уште повеќе да се посветите на тоа да направите уште поголеми измени во распоредот и да направите поголем баланс меѓу приватниот живот и кариерата.