Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Една особина според хороскопот со која го иритирате вашиот партнер

Никој не е совршен и сите имаме по една, или многу поверојатно, неколку маани, со кои го иритираме партнерот. Сепак, една особина се издвојува најмногу од сите останати.

Edna-osobina-so-koja-go-iritirate-partnerot-01.png

Астрологијата дава точен одговор, а вам ви останува само да откриете – која е вашата најголема маана поради која го излудувате партнерот?

Овен – Раздразлив

Овните се многу пораздразливи од повеќето други луѓе. Тие се ориентирани кон работата и не сакаат да отстапуваат од нормите. Ако се обидете да им ги измешате работите, тие прилично ќе се налутат, а кој сака да биде со некој што е толку голем лутко и лесно раздразлив?

Бик – Тврдоглав

Биковите никогаш не се повлекуваат први, дури и кога ситуацијата оди во нивна штета. Ова им создава сериозна главоболка на оние кои им се најблиски, а нивните партнери се прашуваат што да направат следно. Тврдоглавоста во комбинација со нивниот темперамент е предизвик кој мора храбро да се поднесе.

Близнаци – Неодлучни

Луѓето родени во знакот на Близнаци не се најдобри во донесувањето одлуки. Тие се љубезни кога бараат помош на оваа тема, но никој не сака да носи одлуки во името на некој друг цело време.

Како нивен љубовник понекогаш сакате тие да изберат каде ќе јадете или како ќе го испланирате денот. Близнаците премногу се потпираат на партнерите и тоа јасно го покажуваат.

Рак – „Залепен“ за другиот

На почетокот е забавно да се биде во друштво на Ракови, но како што поминува времето стануваат заморни. Тие се држат премногу прилепено до партнерите и не знаат како да се смират самите себе. Постојано се во борба со некој и нешто и нивните граници се движат во екстреми.

Лав – Опсесивен

Лавовите се опседнати со себе и со добриот живот. Тие не сакаат да се смират и секогаш бараат многу повеќе од животот. Луѓето во нивните животи генерално се чувствуваат неважно и имаат чувство како да ќе останат зад нив во одреден момент во блиската иднина, односно дека Лавот ќе ги напушти без поглед, збор или објаснување.

Девица – Критичар

Девиците се критични кон себе и кон луѓето во нивниот живот. Тие не знаат како да запрат и не можат да се воздржат од коментари. Со цел да им помогнат на другите, тие делат совети и прават работи кои никој не ги побарал од нив. На крајот, луѓето се крајно иритирани од нивното однесување како „зачин во манџа“.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Една причина зошто (не) треба да се омажите за него, според неговиот хороскопски знак Јарци - Негативна страна им е што знаат да бидат исклучително тврдоглави, ќе сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg