Како нудат брак хороскопските знаци (кој е романтичен, а кој сака партнерката да го запроси)?
Вага
Тие се едни од најромантичните хороскопски знаци, а сакаат нивното запросување да биде посебно и убаво.
Очекувајте цвеќе, музика и незаборавно опкружување. Вагите може да ви напишат песна со која ќе ви покажат колку ве сакаат, а дури можно е да побараат помош и од пријателите за да го постигнат запросувањето како што го посакуваат.
Со партнерот роден во знакот Вага ќе имате понуда за брак која што долго ќе ја раскажувате на идните поколенија.
Скорпија
Познати се по тоа што сакаат да ја чуваат сопствената приватност подалеку од очите на јавноста, па така најверојатно ќе ве запросат само кога сте сами или ако сте во опкружување на луѓе што добро ги познавате.
За нив љубовта е мошне важна, па така можете да очекувате да ви понудат брак само ако се целосно сигурни дека тоа го сакаат.
Можете да очекувате емотивно и искрено запросување, во кое директно ќе ви го постават прашањето без премногу одолговлекување и ласкање.
Стрелец
Стрелците се мошне директни, па од нив не можете да очекувате долго подготвувано запросување, туку тоа најверојатно ќе го направат во мигот кога ќе почувствуваат дека е време.
Не очекувајте тоа да го направат со премногу романтика, но ако ви го постават прашањето веднаш ќе знаете што наумиле и што чувствуваат за вас.
Ако запросувањето не е романтично, тогаш најверојатно ќе ве однесат на некоја незаборавна авантура со која ќе го прославите почетокот на заедничкиот живот.
Јарец
Јарците се внимателни и долго размислуваат, а нивното запросување може да наликува на понуда за соработка.
Прашањето ќе ви го постават дури откако ќе бидат целосно сигурни дека сакаат да стапите во брак, а за тоа може да им биде потребно повеќе време.
Обидете се да не се навредите ако заедно со прстенот добиете и предбрачен договор, затоа што со тоа сакаат да ви покажат дека се мошне сериозни.
Очекувајте скап и квалитетен прстен, со кој сакаат да покажат дека целосно ви се посветени.
Водолија
Водолиите не ги сакаат традиционалните и веќе востановени норми, па од нив не можете да очекувате традиционално запросување.
Понекогаш се случува и да ви навестат дека очекуваат вие да ги запросите.
Во секој случај, ако припадникот на овој знак одлучи да ви понуди брак, очекувајте повеќе изненадувања за време на запросувањето, затоа што тие сакаат сѐ да биде единствено и уникатно.
Риби
Рибите имаат бујна фантазија, а ќе ја искористат за запросувањето да биде бајковидно и незаборавно.
Од Рибите може да очекувате голема доза креативност и магично запросување.
Сепак, имајте на ум дека често се расеани, па може да се случи да го заборават прстенот дома или да задоцнат и немојте да им замерувате.
Б. С. Б. | Црнобело