Една причина заради која на секој хороскопски знак му е тешко да се сака себеси (и како да го промените тоа?)
Вага
Вие сте личност која мрази конфликти и неретко се повлекувате дури и кога сте во право наместо да го браните вашиот став.
Но, бидејќи ова се случува толку често, луѓето почнуваат да ве користат, а вие сметате дека сте го заслужиле тоа.
Дозволувате другите да ве газат и мислите дека не заслужувате ништо повеќе од тоа.
Па, време е да истапите за себе, да се соочите со другите и да ја покажете вашата вистинска вредност. Само вака ќе научите да се сакате себеси.
Скорпија
Вие имате магнетска привлечност и лесно можете да се спријателите или да освоите кого било.
Но, вам обично ве привлекуваат токсични личности кои не ве ценат и кои ви ја рушат самодовербата.
Поради ова, почнувате да мислите дека сепак не сте толку интересна и добра личност, па тешко ви е да се сакате.
Пробајте да им обрнете внимание на луѓето кои го заслужуваат тоа и опкружете се со пријатели кои ќе ви ја вратат самодовербата.
Стрелец
Сакате да истражувате и постојано размислувате за следната авантура. Но, бидејќи постојано „бркате“ нешто ново, никогаш не ги воочувате работите што веќе ги имате.
Поради ова, пак, често чувствувате разочараност и незадоволство од себе.
Дури и кога имате сè, сакате уште и ако не го добиете почнувате да го мислите најлошото за себе.
Добро би било малку да забавите и да почнете да ги забележувате убавите работи за вас и вашиот живот.
Јарец
Речиси постојано следите некоја цел и секојдневно се притискате да работите на неа.
Додека вашите трудољубивост и посветеност се за восхит, не сфаќате дека истовремено ви создаваат и превисоки очекувања од себе.
Си поставувате нереални цели и кога нема да ги достигнете, се чувствувате безвредно и ги заборавате сите успеси од минатото.
Морате да бидете пореалистични во врска со вашите и цели, но и да сфатите дека неуспесите се дел од животот.
Водолија
Од една страна, вашата уникатност некогаш ви ја зголемува самодовербата, но од друга прави да копнеете да бидете повеќе како другите.
Вашите погледи кон светот и вашите размислувања се поразлични од оние на другите, а ова неретко прави да се чувствувате несигурно. Посакувате да се однесувате исто како другите и тешко ви е да се прифатите себеси.
Не заборавајте дека вашата уникатност е она што ве прави привлечни во очите на другите и ќе сфатите дека заслужувате да си покажете малку љубов.
Риби
Вашата емпатија не знае за граници. Вие сте способни да ги слушате сите, дури и луѓето што не ги познавате, како зборуваат за нивните проблеми и, на крај, можете да им покажете и сочувство.
Но, бидејќи впивате толку многу негативност, ова се одразува врз вас.
Почнувате да ги гледате туѓите проблеми како ваши и упорно барате решение. А, кога не можете да го најдете, вие сте разочарани од себе.
Морате да разберете дека вие не сте должни да ги решавате туѓите проблеми и само затоа што не можете да им помогнете на сите, не значи дека не сте добра личност.
Спирова С. | Црнобело