Љубовен хороскоп за април 2022: Овни – партнерот ќе ви ги довери најдлабоките тајни, Ракови – возбудлива љубовна авантура
Дали ве очекува хармоничен период исполнет со страсни мигови, или ќе го поминете месецот во караници со партнерот?
Дали ќе ја сретнете личноста која ги исполнува сите ваши критериуми или ќе бидете расположени само за кратка авантура?
Среќни мигови или многу главоболки и проблеми – што ќе ви донесе овој април на поле љубов?
Овен
Ако сте во врска
Во првата декада од април ве очекуваат многу интимни мигови со партнерот кои ќе го зајакнат вашиот однос. Поради поддршката што ќе му ја покажете, неговата доверба кон вас ќе се зголеми, па можно е да ви открие некоја голема тајна. Во втората половина од месецот ве очекуваат повеќе заеднички излегувања со партнерот кои значително ќе ја зајакнат вашата врска и ќе ве направат многу среќни.
Ако сте слободни
Во првата половина од месецот ве очекува познанство со привлечна личност со која брзо ќе се зближите. До крајот на месецот ќе почнете тајна љубовна врска која ќе биде исполнета со меѓусебно разбирање, искрена комуникација, како и многу смеа и забава. Ќе ви се чини како да сте ја пронашле вашата сродна душа.
Бик
Ако сте во врска
Првата декада на април ќе ви донесе проблематични разговори со партнерот во врска со заедничките цели. По многуте расправии, сепак ќе најдете заеднички јазик и ќе почнете да се фокусирате на остварување на овие цели. Во втората половина од месецот ќе му исполните голема желба на партнерот, но и ќе се јави потреба за повеќе динамика и страст во вашата врска.
Ако сте слободни
Ќе ви се допадне личност која е енергична и оригинална, но со малку тежок карактер кој нема да се вклопува во вашето друштво. Најверојатно ќе почнете да се гледате, но на почетокот ќе чувствувате напнатост поради карактерот на личноста. Сепак, до крајот на месецот ќе се опуштите и ќе продолжите да се гледате, но нема да се чувствувате подготвено за нешто сериозно.
Близнаци
Ако сте во врска
Во првата половина од месецот подгответе се за нови емотивни искуства со кои ќе го подобрите квалитетот на вашата врска. Ќе минувате повеќе време заедно и ќе имате можност вистински да се посветите еден на друг. Втората половина од април ќе биде уште подобра – ќе почнете да се фокусирате на заедничките цели, ќе си ја давате потребната поддршка и ќе го извлечете најдоброто од вашата врска.
Ако сте слободни
Кон средината на месецот ќе се вљубите на прв поглед. Ќе имате можност добро да се запознаете со оваа личност и ќе почнете да се гледате. Кон крајот на месецот врската ќе стане посериозна, а со новиот партнер ќе покажете одлично меѓусебно разбирање. Оваа врска ќе ве направи среќни и ќе има потенцијал да трае долго.
Рак
Ако сте во врска
На почетокот од април ќе се јават конфликти со партнерот, најмногу поради заедничките финансии. Ќе мора да направите добар план за да го решите проблемот и да ги избегнете недоразбирањата во иднина. Втората половина од месецот ќе ви донесе нови несогласувања, овојпат поради социјалниот живот и разните потреби поврзани со ова. Сепак, до почетокот на следниот месец ќе најдете решение за проблемите, а можно е да одите и на кратко патување што ќе ви помогне да го подобрите меѓусебниот однос.
Ако сте слободни
Првата декада од месецот ќе ви донесе средба со интересна личност. Најмногу ќе ви се допадне поради нејзината отвореност, но и нејзината интелигенција. Ќе почнете да се гледате, но набрзо ќе сфатите дека станува збор за тврдоглава личност, па нема да се врзувате емотивно. Оваа авантура ќе ви донесе забавни искуства и ќе научите многу од неа, но најверојатно ќе трае кратко.
Лав
Ако сте во врска
Во првата декада од април подгответе се за заладување на односот со партнерот. За да ги решите проблемите, ќе мора да промените многу нешта и да разговарате за темите што ги избегнувате. Во втората декада ќе успеете да направите компромис, па дури и ќе почнете да размислувате за заедничките цели. Крајот од месецот ќе ви донесе нови несогласувања во врската, овојпат поради различните ставови околу домот.
Ако сте слободни
Ве очекува познанство со паметна и забавна личност, но која има многу тежок карактер. Сепак, многу ќе ви се допадне, па ќе почнете да се гледате речиси веднаш. Можно е да се појават и некои емоции, но брзо ќе се соочите со несогласувања поради многуте различни мислења и ставови. Веројатно нема да издржете заедно до крајот на месецот.
Девица
Ако сте во врска
Целиот месец ќе владее хармонија и значително ќе го подобрите односот со партнерот. Во првата половина од месецот партнерот ќе ви ја даде потребната поддршка, а долгите разговори ќе ви помогнат да изградите посилен однос. Во втората половина од април ќе почнете да правите позитивни промени кои ќе имаат мошне добро влијание врз вашата врска. Генерално, нештата ќе одат само на подобро.
Ако сте слободни
За вас април е одличен месец за почнување нова врска, а ќе имате можност за тоа уште во првата декада. Новиот партнер ќе ви изгледа како сродна душа, а емоциите ќе бидат обострани. До последната недела од април значително ќе се зближите, ќе бидете среќни, а можно е да почнете да размислувате и за заеднички живот.