Колку е романтичен секој хороскопски знак (кој е Купидон, а за кој романтиката е патетика)?
Вага
Вагите сонуваат за партнер што ќе ги опсипува со љубов и кој нема да се плаши да ги изненади со некој романтичен гест.
Иако знаат дека ова обично е далеку од реалноста, сепак се надеваат на љубов од бајките.
Истовремено, тие без двоумење ја покажуваат својата романтична страна пред партнерот. Добро знаат што сака и со задоволство му го даваат тоа.
Дури и ако се со партнер кој не е воопшто романтичен, потајно се надеваат дека еден ден ќе ја разбудат таа страна кај него.
Скорпија
Некогаш е тешко да ги „прочитате“ Скорпиите, а иако не изгледа така, тие сонуваат за врска полна со романтични мигови.
Тие сакаат страст и „филмска љубов“, а дури и кога не се сигурни дека ќе го добијат тоа, никогаш не се губат надеж.
Ако се чувствуваат удобно и безбедно со партнерот, ја покажуваат нивната романтична страна и речиси секојдневно ја изненадуваат саканата личност со слатки гестови.
Единствениот проблем е што Скорпиите се позатворени, па им треба повеќе време пред целосно да се опуштат пред партнерот.
Стрелец
За Стрелците, романтиката не е воопшто приоритет во врската.
За нив е многу поважна авантурата, но и поврзаноста со партнерот, па не ни обрнуваат внимание на романтиката и неретко ја сметаат за „патетична“.
Иако Стрелците знаат да изненадат со голем романтичен гест, ова се случува ретко и би го направиле само за личност за којашто се сигурни дека ќе го поминат целиот живот со неа.
Сепак, Стрелците можат да бидат одлични партнери и без романтичните гестови.
Јарец
Кога се со вистинската личност, Јарците можат да бидат навистина романтични.
Букети цвеќе, слатки пораки среде ноќ, испраќање до дома… Јарците ги ценат „традиционалните“ романтични гестови и навистина знаат како да го усреќат партнерот.
Сметаат дека изјавувањето љубов со скапи подароци не е најромантично, но кога станува збор за гестови, дефинитивно им нема рамен.
Водолија
Водолиите сметаат дека нема потреба од романтика во врската и тешко дека нешто ќе им го промени мислењето. Донекаде, тие дури и ги мразат романтичните гестови.
За нив е многу подобро вистински да го запознаат партнерот, да го истражат неговиот карактер и да можат да се чувствуваат удобно и слободно пред него.
Сметаат дека со романтичните гестови ќе изгледаат како личност која е зависна од партнерот, а не вљубена во него, па генерално ги избегнуваат.
Сепак, не забораваат да му кажат на партнерот дека го сакат и да ја покажат наклонетоста на нивен начин.
Риби
Рибите се најромантичниот знак во зодијакот. Иако покажуваат разбирање кон партнер кој не е романтичен, сепак имаат големи очекувања за тоа како треба да изгледа љубовта.
Сакаат да фантазираат и секогаш го гледаат партнерот низ „розови очила“.
Подготвени се направат многу за љубовта и романтиката во врската, а се надеваат дека и партнерот има слични верувања.
Рибите толку многу ја сакаат романтиката, што неретко им придаваат романтично значење и на најбезначајните гестови.
Прочитајте повеќе: На кои романтични гестови „паѓа“ секој хороскопски знак?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





