На кои романтични гестови „паѓа“ секој хороскопски знак?
Романтичните гестови се важен дел од додворувањето, но и одличен начин да ја зајакнете врската доколку имате партнер.
Секој си има своја претстава за тоа како изгледа совршениот романтичен гест, а истото важи и за хороскопските знаци.
Па, ако не знаете што треба да направите за да ѝ го привлечете вниманието на некоја личност или, пак, за да му ја разубавите вечерта на партнерот, астрологијата може да ви помогне.
Погледнете со кој романтичен гест можете да го освоите секој хороскопски знак:
Овен
Долга, сензуална масажа што ќе му помогне да се релаксира.
Бик
На неколку ливчиња напишете слатки романтични пораки и оставете ги низ домот.
Близнаци
Направете тврдина од чаршафи и гледајте ги омилените филмови прегрнати.
Рак
Измијте ги садовите, избришете прашина или исчистете го кој било дел од домот.
Лав
Заедно гледајте го зајдисонцето, а потоа восхитувајте му се на ѕвезденото небо.
Девица
Разбудете се порано и израдувајте го партнерот со омиленото утринско кафе.
Вага
Изненадете ја Вагата со букет од нејзиното омилено цвеќе.
Скорпија
Напишете поема со која ќе ги искажете вашите чувства.
Стрелец
Никогаш нема да погрешите со парче накит, подарен без повод.
Јарец
Направете ручек или изненадете го партнерот со појадок во кревет.
Водолија
Направете пенлива купка, запалете свеќи и заедно уживајте во романтичната вечер.
Риби
Направете еден вид пикник на вашата тераса. Направете сендвичи, купете го омиленото вино на партнерот и забавувајте се.
Спирова С. | Црнобело