Во октомври нè чекаат 5 ризични денови – на што треба да бидете подготвени?
Астролозите откриваат дека во октомври ќе имаме 5 различни датуми кои може да бидат ризични и неповолни.
Најважно е да го сочувате оптимизмот на овие денови:
7-ми октомври – преминување на Венера во знакот на Стрелец
Ова е важен, но неповолен транзит, кој ќе биде период на затегнати односи со саканите, посебно со партнерот.
Посебно ќе имате проблем со енергијата, ќе се чувствувате безволно и исцрпено.
8-ми октомври – Сонцето во конјукција со Марс
Ова е денот кога ќе се почувствува силен бран на негативна енергија.
Многу луѓе на овој ден ќе бидат емотивни, лути и нема да бидат подготвени на компромис ниту со најсаканите.
Пронаоѓањето на заеднички јазик ќе биде исклучително тешко.
9-ти октомври – Сонце во конјукција со Меркур
На овој ден астролозите советуваат да не патувате и да заштедите пари. Тоа значи внимателно да го планирате секој свој потег и да не носите непромислени одлуки.
20-ти октомври – Полна месечина во Овен
Полната месечина носи откривање на тајните, разоткривање на вистинските лица. Ќе изгубите мотивација и тешко ќе ги исполните дадените ветувања.
Ова е ден кога не треба да позајмувате ништо и од никого.
30-ти октомври – Марс преминува во знакот на Скорпија
Овој транзит е ризичен, бидејќи Скорпијата носи импулсивни реакции, темперамент и конфликти.
Можни се недоразбирања со партнерот, борба за надмоќ и натпревар. Бирајте ги средствата и стишете го егото.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





