Бикот се плаши дека ќе снема пари, Јарецот од губење на честа и образот – Што најмногу го плаши секој од знаците?
Овен - Болести, осаменост и страв од изолација. Бик - Доцнењето на платата или губењето на имотот би му предизвикале колапс во животот.
Секој од нас се соочува со сопствените борби, стравови и демони. Астрологијата има одговор што најмногу ви ги преокупира мислите, ви носи негативност и ви го краде сонот. Тоа секако не се фини работи, туку нешта кои ви предизвикуваат токсични мисли, кошмари и полека ви го крадат сон.
Од што најмногу се плашите согласно хороскопскиот знак?
Овен
Болести, осаменост и страв од изолација. Овенот е еден од знаците на кои пандемијата им падна најтешко, затоа што се соочил со трите најужасни стравови.
Иако Овенот се карактеризира како храбар и бестрашен авантурист кој е спремен да го прошета целиот свет сосема сам, вистината е малку поинаква.
Овенот стравува дека на крајот на денот ќе си легне сосема сам во креветот, без оглед на тоа каде е на планетата.
Бик
Бикот се плаши од преземање ризици, губење на пари и луѓето кои му се битни во животот.
Иако изгледа премногу ригидно како да не може да преземе никаков ризик или акција во животот, факт е дека Бикот секогаш методично ги премерува работите.
Доцнењето на платата или губењето на имотот би му предизвикале колапс во животот. Затоа Бикот секогаш има таен фонд и заштеда за црни денови.
Близнаци
Кога Близнаците се спречени да комуницираат со своите најблиски и пријателите веднаш ги фаќа паника. Исто така, особено многу се плашат од губење на гласот, бидејќи сметаат дека тоа е нивното најмоќно оружје.
Тишината ги ужаснува, како и стравот од осаменост. Луѓето пак кои сакаат да доминираат со нив, да им ги наметнуваат нивните желби и идеи, исто така се на црната „страшна“ листа кај Близнаците.
Рак
Ракот е константно уплашен од тековни настани. Него го плаши шефот, соработниците, најблиските, светската економија, временски услови… сè што е битно и небитно и сè што е во негова и надвор од негова контрола.
Ракот има потреба сè детално да анализира и да го развие секое можно сценарио, а најчесто станува збор за црни сценарија. Нема да ви признае, но Ракот потајно е голем страшливко и песимист.
Лав
Лавот се плаши од јавно исмевање и осуда, како и од губење на интегритетот и непризнавање на неговите квалитети. Исто така, тешко му паѓа кога луѓето на коишто најмногу им верува ќе го остават на цедило.
Моќниот Лав се плаши и од мислењето на најблиските – дека е кукавица, не е доволно добар, силен и способен. Сè додека добива комплименти е во ред, но и на најмалата критика тој се повлекува чекор наназад.
Девица
Најголемиот страв на Девицата е дека ќе ја изгуби сопствената самоконтрола и онаа што ја има над останатите членови во потесното семејство.
Таа сака да биде дежурна учителка која ќе води сметка за сè, сите и сешто, и не ја интересира што другите мислат во врска со ова.
Во моментот кога ќе ѝ ги отсечете ингеренциите и смета дека повеќе не ги држи конците во рацете, Девицата ќе „падне болна“.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





