Скорпијата тивко ќе се одмазди, Овенот веднаш ќе ве заборави – Какви бивши се хороскопските знаци?

skorpijata-tivko-kje-se-odmazdi-ovenot-vednash-kje-ve-zaboravi-kakvi-bivshi-se-horoskopskite-znaci-02.JPG

Вага

Вагите се романтичари, а токму ова ги спречува да прават луди работи откако партнерот ќе ги остави. Тие знаат дека повторно ќе најдат љубов, па не се ни обидуваат да го вратат бившиот партнер.

Некогаш можеби ќе го посакуваат тоа, но нема да преземат ништо и вие нема ни да бидете свесни.

Кога станува збор за преболување, потребно им е малку време и навистина брзо наоѓаат нова љубов, притоа целосно заборавајќи го бившиот.

Скорпија

Скорпиите можат да бидат опасни бидејќи лесно ги кријат нивните намери. Додека некои бивши можеби ќе ви се јавуваат и ќе молат за втора шанса, Скорпијата ќе си продолжи со животот, но ќе го следи секој ваш чекор.

Можеби никогаш повторно нема да слушнете од неа, но ако сте ја повредиле, ќе најде начин да ви врати, а вие нема ни да знаете дека била таа.

Стрелец

Стрелците делуваат каков воопшто да не им е грижа што партнерот ги повредил и ги оставил. Можеби ќе тагуваат минута-две, но потоа веднаш се подготвени за некоја нова авантура.

За нив е бесмислено да плачат и да копнеат по нешто што завршило. По некое време, можеби дури и ќе ве побараат да пиете кафе или да излезете на пијачка како пријатели.

Јарец

По раскинувањата, Јарците се чувствуваат огорчено, но обично самите се справуваат со емоциите. Тие нема да ви се јавуваат или да ви праќаат пораки и, едноставно, само ќе чекаат да ве преболат.

Во овие мигови поверојатно е да се фокусираат на себе, да почнат некој личен проект и слично. Кога, пак, ќе ве преболат, ќе бидат убедени дека вие сте инфериорни во однос на нив и нема ни да ве погледнат.

Водолија

Водолиите можеби ќе бидат со скршено срце, но буквално никој нема да го забележи тоа. Тие не само што не се обидуваат да го вратат бившиот, туку не ги споделуваат чувствата ни со најблиските пријатели.

Дури и ако сте ги повредиле повеќе од кого било, никогаш нема да го дознаете тоа. Всушност, откако ќе ѝ раскинете на Водолијата, најверојатно нема да ја видите никогаш повеќе.

Риби

Рибите се драматични за сè, особено кога се во прашање љубовни врски. Откако ќе раскинете, можете да добиете сосема неочекувана порака од нив во 2 часот наутро, па дури и цела поема напишана за вас.

Истовремено, ќе бидат многу, многу гневни на вас, а кога конечно ќе се помират со раскинувањето, нема ни да ве погледнат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg