Скорпијата тивко ќе се одмазди, Овенот веднаш ќе ве заборави – Какви бивши се хороскопските знаци?

Раскинувањата се едни од поболните искуства во животот, а со нив, секој си се справува на свој начин.

skorpijata-tivko-kje-se-odmazdi-ovenot-vednash-kje-ve-zaboravi-kakvi-bivshi-se-horoskopskite-znaci-01.jpg

Некои луѓе тагуваат и го молат бившиот да им се врати, некои мислат како да му се одмаздат на партнерот што ги повредил, а некои не ни помислуваат на бившиот штом ќе ѝ дојде крајот на врската и безгрижно си продолжуваат со животот.

Но, какви бивши се хороскопските знаци? Кои ќе сакат да ви се одмаздат, а кои нема ни да ве погледнат?

Овен

Кога ќе го оставите Овенот, дури и потоа да го молите да ви се врати, нема да постигнете ништо. Тие лесно се помируваат со раскинувањето и штом ќе дојде крајот на врската, не планираат да трошат време и енергија на бившиот партнер.

Нема ни да ви мислат ништо лошо туку, едноставно, ќе си продолжат со животот.

Бик

Биковите можат да бидат гневни кога партнерот ќе ги остави, но нема да дозволат другите да го видат тоа.

Токму поради ова, нема ниту еднаш да се обидат да стапат во контакт со бившиот. Притоа, ќе се убедуваат себеси дека им е многу подобро сингл и веднаш ќе почнат да си бараат некоја нова разонода.

Само имајте на ум, штом еднаш го повредите Бикот, вие веќе не постоите за него.

Близнаци

Кога ќе раскинат, Близнаците едноставно не знаат што да прават со себе. Тие можеби и ќе немаат повеќе чувства за вас, но кога одеднаш ќе останат без партнерот околу кој го изградиле нивниот идентитет, ќе почнат да се чувствуваат изгубено.

Поради сето ова, очекувајте многу измешани реакции – еднаш ќе ве сакаат и ќе ве бараат назад, еднаш ќе ве навредуваат и ќе ви кажат дека ве мразат, а некогаш ќе ви напишат цел параграф само за да ви објаснат зошто сте направиле грешка со раскинувањето.

Рак

Од една страна, Раковите можат да се помират со судбината кога ќе дојде крајот на романтичната врска. Но од друга страна, длабоко во себе посакуваат да му се одмаздат на партнерот кој ги повредил.

Но, најверојатно нема да преземат ништо во врска со тоа. Нив им е потребно многу време да ја преболат пропаднатата љубов, ама најчесто не се обидуваат да го вратат бившиот партнер.

Лав

Лавовите се проблематични бидејќи раскинувањата го повредуваат нивното его, особено ако биле оставени. Нив им е тешко да признаат дека изгубиле уште еден партнер, а уште повеќе да кажат дека партнерот повеќе не ги сакал.

Тешко им е да се помират со сето ова, па подгответе се за многу пораки и телефонски повици.

Девица

Девиците, слично како Скорпиите, сакаат да се одмаздат тивко. По раскинувањето, девиците изгледаат доста прибрано, како ситуацијата воопшто да не ги тангира. Но во мислите тие ја смислуваат најдобрата одмазда.

Некогаш девиците размислуваат нерационално и во овие мигови, ако бил повредени од бившиот партнер, веројатно ќе направат нешто за да му вратат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg