Перфекционисти кои не толерираат неодговорни луѓе – 20 вистини во кои ќе се пронајдат Девиците

Позната како најголемиот перфекционист во Зодијакот, Девицата е тип на личност која сака нејзиниот живот да биде внимателно организиран до најмалиoт детаљ.

perfekcionisti-koi-ne-toleriraat-neodgovorni-lugje-20-vistini-vo-koi-kje-se-pronajdat-devicite-01.jpg

Ја одржува контролата врз животот со силно чувство на пристојност и правилно однесување, лесно ги надминува основните аспекти на секоја ситуација, но се грижи за безвредни и мали нешта.

Со задоволство ќе помогне на сите блиски луѓе да успеат во различни аспекти од животот, но нејзината лојалност и посветеност ќе умее дискретно да ја прикрие.

Бидејќи веќе „запловивме“ во месецот на Девиците, во продолжение издвоивме 20 карактеристики во кои ќе се пронајдат истите:

1. Често Девиците не чувствуваат потреба да ви објаснуваат нешто бидејќи знаат дека се во право и не се трудат да го докажат тоа.

2. Девиците често знаат да молчат бидејќи се свесни дека нивните зборови се „остри“ како нож.

3. Ако Девицата мора да повтори нешто повеќе од двапати, таа се фрустрира.

4. Девиците се подготвени да свртат сѐ наопаку доколку е потребно, за да го најдат она што го сакаат.

5. Наместо да ве мачат со нивните проблеми, тие се однесуваат како сѐ да е во ред, дури и кога не е.

6. Девиците не можат да толерираат неодговорни луѓе.

7. Кога Девица ќе ви каже дека ве сака, тој/таа навистина го чувствува тоа и целосно ќе ви се посвети.

8. Девиците по природа не се манипулативни луѓе. Можеби сакале да ви одржат лекција, но никогаш не би искористиле или злоупотребиле некого.

9. Девиците брзо се вознемируваат поради сѐ, што значи дека треба да внимавате какви зборови излегуваат од вашата уста кога ќе им се обратите.

10. И покрај чувството за реалност, Девиците сѐ уште сонуваат да доживеат романтична приказна како од најубавите романи.

11. Девиците знаат доста информации на многу теми и обично се во право, односно во 99% од случаите. Затоа во повеќе наврати може да ви се спротистават додека нивниот збор не е последен.

12. Ако Девицата делува далечно и воздржано, тоа значи дека се обидува да разбере некои работи во нејзиниот потсвесен ум пред да го направи следниот чекор.

13. Најлошото чувство во нив е кога се чувствуваат беспомошни.

14. Девицата се сомнева во сите работи што прават да се чувствува непријатно во дадена ситуација.

15. Девицата секогаш ќе се обидува да најде алтернативни начини за справување со ситуации.

16. Никој не чува тајни подобро од Девицата.

17. Девиците бараат партнер полн со страст и романтика, но и нивен најдобар пријател.

18. Понекогаш можеби мислите дека Девиците се зли луѓе, но тоа е погрешен заклучок. Нивните критики се плод на љубовта.

19. Доколку се расправате со Девица внимавајте на вашите зборови. Сѐ што ќе кажете во момент на нервоза, подоцна ќе биде искористено против вас.

20. Девицата се чувствува подобро кога помага некому отколку кога некој ѝ помага. Едноставно, вашата среќа е нивна среќа.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg