Ги трошат парите како да не постои утре – кои 3 знаци се најголемите расипници во зодијакот?
Овие три знака не умеат со пари, ниту пак знаат како да заштедат. Во состојба се да го потрошат и последниот денар во џебот за неверојатно краток временски период.
Платата никогаш не им стигнува, секогаш се „шворц“, а доколку може да ѝ се верува на астрологијата, во следните знаци се раѓаат најголемите расипници кога се работи за пари:
Овен
Темпераментните Овни можат да потрошат огромна сума на пари на она што вистински го сакаат. Дури и да не можат да си го дозволат тоа, тие ќе се задолжат доколку тоа е потребно.
Поради оваа импулсивност не само што не размислуваат пред да ги потрошат парите, туку и ретко жалат за трошењето. Може да се каже дека немаат никаква грижа на совест за трошење пари. Овие луѓе се навикнати да живеат над своите можности, односно за нив НЕ важи изреката „пушти ги нозете колку што ти е долга чергата“.
Лав
Лавовите сакаат луксуз. Тие трошат пари не само на себе, туку и на луѓето кои им се блиски. Претставниците на овој знак честопати позајмуваат пари, но во исто време брзо наоѓаат можности за остварување на дополнителни приходи. Сакаат скапи работи, префинети нешта, а парите ги трошат практично на сè: на облека, храна, пијалаци, патувања… Дарежливи се, никогаш не се штедат кога станува збор за купување нешто за себе или за саканите. Лавот како вистински крал ги троши парите како да не постои утре.
Вага
Цената секогаш е голем предизвик за Вагата. Факт е дека тие честопати ја губат главата и трошат повеќе отколку што можат да си дозволат. Тие имаат навика да ги избираат најскапите предмети. Трошат многу пари, но воопшто не жалат за тоа. Вагите се подготвени да направат сè за да го добијат она што го сакаат, дури и ако тоа значи дека ќе мора да се одречат од неколку битни работи во рок од неколку месеци, како на пример храна.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





