Жени кои се магнет за „лоши“ мажи: Скорпијата паѓа на непослушни, затоа што и самата е таква
Не сите жени бегаат од „лошите“ момчиња и мажи. Некои знаци во зодијакот всушност можат да се замислат и да егзистираат во врска само со ваков тип на мажи.
Додека некои жени се згрозени од однесувањето на лудите момци, други пак се привлечени од нив како магнет. Таквите жени припаѓаат на следните знаци во зодијакот:
Овен
На овие жени им е здодевно да бидат со добар и послушен маж. Копнеат по непланирани авантури, лудории, нескротливи страсти и неисцрпни задоволства. За среќа, тие остануваат во вакви врски многу кратко време, затоа што сепак сакаат добар маж кој нема да им прави проблеми во брачната заедница.
Близнаци
Дури и најпаметните Близнаци не можат да престанат да прават глупости. Едноставно ова е напишано во нивните ѕвезди. Тие сакаат „лоши момци“ и кога ќе се за вљубат не гледаат ништо подалеку од таа љубов.
Дури и ако врската стане токсична тие ќе поминат низ голгота затоа што им е многу важно да чувствуваат порој на силни емоции. Тие не размислуваат на долг рок, важно им е да уживаат во моментот. Ова е главната причина зошто остануваат долг временски период во лоши врски.
Скорпија
„Паѓа“ на непослушни и недостижни момци затоа што и самата е таква. Скорпијата бара рамноправен маж кој ќе може секојдневно да ја изненадува и да ги следи нејзините реализирани и неостварени фантазии. Лошите момци се омиленото забрането задоволство за Скорпијата, но таа се заситува брзо и лесно од нив. Во такви случаи, лесно наоѓаат друг „плен“.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





