Бегаат од брак како ѓавол од крст – 3 знаци кои нема наскоро да рипнат во тавче
Ова се типични хороскопски знаци кои постојано копнеат по нова авантура и навистина тешко е некој да ги скроти.
Доколку вашиот избраник или избраничка е во некој од следните 3 знаци, не очекувајте наскоро да „рипнете во тавче“:
Близнаци
Постојано е во потрага по нови возбудувања, склони се кон флерт и слободно може да кажеме дека Близнаците се „Петар Пан“ во хороскопот, односно вечни деца.
Не може лесно да ги скротите, бидејќи не можат да го замислат животот покрај еден партнер. Ако навистина се вљубат ќе ги привлече силна и интелигентна личност, а тогаш Близнаците се верни и лојални.
Тие имаат многу врски во текот на животот, но не го кажуваат судбоносното „да“ речиси никогаш.
Стрелец
Непоправливи оптимисти, и слично како и Близнаците, овие вечни момчиња го доживуваат светот како забавен и копнеат по авантури и предизвици. Тие ја сакаат слободата, патувањата и ја ценат својата независност, па не се многу подготвени за компромисите што ги носи заедничкото живеење.
Тие се сепак нежни и грижливи партнери и за да ги освоите треба да дејствувате полека и тактично. Сепак, бракот не е запишан во нивните карти.
Водолија
Слободата им е секогаш на прво место, но во љубовта знаат да бидат посветени, лојални и верни. Тие се стремат кон стабилност, склони се кон долги врски, но не се баш приврзаници на бракот.
Привлечени се од заводливи и енергични партнери за кои би направиле сè во животот, но не и да го стават својот потпис на парче хартија во матично.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





