Љубовен хороскоп за мај 2021: Овни - тајна врска со зафатен партнер, Близнаци - ќе ве „повредат“

Вага

Ако сте во врска

Месецов ќе имате доста позитивно влијание врз партнерот и ќе го мотивирате да почнете со работа на некоја заедничка цел. Ова ќе биде вистинско освежување за вашата врска, а и двајцата ќе бидете презадоволни од заедничкиот однос. До крајот на месецот нештата ќе станат уште подобри, а вие и партнерот ќе бидете уште посреќни.

Ако сте слободни

Мај ќе ви донесе познанство со безгрижна личност со авантуристички дух, а уште при првата средба помеѓу вас ќе се појават силни емоции. Ќе почнете да се гледате, но оваа личност нема да сака сериозна врска. Сепак, вашите емотивни потреби ќе бидат задоволени, па вие ќе го прифатите тоа. Новиот партнер ќе ги прошири вашите видици и ќе ви донесе многу нови, незаборавни искуства.

Скорпија

Ако сте во врска

На почетокот од месецот ве очекуваат многу романтични мигови во врската што ќе ве зближат со партнерот. Истовремено, ќе ја подобрите и заедничката финансиска состојба. Во втората половина од месецот дополнително ќе го зајакнете односот и ќе почнете да разговарате за реализирање на заедничките планови и цели. Генерално, нештата ќе бидат одлични во текот на целиот месец.

Ако сте слободни

Во текот на месецот ќе запознаете личност која веднаш ќе ве привлече со нејзиниот изглед. Ќе сфатите и дека имате многу заеднички нешта, па најверојатно ќе се вљубите. Врската што е ја почнете има потенцијал да стане сериозна – одлично ќе се согласувате и уште на почетокот ќе почнете да правите заеднички планови.

Стрелец

Ако сте во врска

Во мај ќе излегувате многу почесто и ќе имате многу забавни авантури со партнерот. Ќе ја подобрите комуникацијата и сериозно ќе ги сфатите заедничките планови и цели. Ако планирате да правите промени во домот, можни се мали несогласувања, па добро би било да најдете време за сериозен разговор и да им ставите крај на малите проблеми.

Ако сте слободни

Ве очекува познанство со личност која многу ќе ви се допаѓа, но ќе се двоумите дали да почнете сериозна врска. Ќе ви треба време за подобро да се запознаете. Сепак, до крајот на месецот ќе донесете одлука и најверојатно ќе почнете врска со оваа личност.

Јарец

Ако сте во врска

Првата половина од месецот ќе биде исполнета со заеднички активности со партнерот. Ќе сакате да направите промени во домот и најмногу ќе се фокусирате на тоа. Ова, пак, ќе ви помогне да ги подобрите односот и комуникацијата. Во втората половина ќе почнете да разговарате за теми кои досега сте ги избегнувале, а со ова дополнително ќе ја зголемите довербата во врската.

Ако сте слободни

Сакате посветен партнер со кого можете да видите иднина, а кон средината на мај ќе запознаете токму таква личност. После неколку состаноци ќе сфатите дека имате исти интереси и се согласувате за многу нешта. До крајот на месецот ќе почнете и врска кој има потенцијал да се претвори во нешто повеќе.

Водолија

Ако сте во врска

На почетокот до месецот можни се многу несогласувања со партнерот. Ќе бидете премногу зафатени со вашите лични цели, па ќе се однесувате многу ладно кон партнерот. За среќа, кон средината на месецот ќе ги воочите вашите грешки и ќе го подобрите односот. До крајот на мај ќе ги решите проблемите и ќе почнете да се фокусирате на заедничките цели.

Ако сте слободни

Во првата половина од мај ќе бидете незадоволни од љубовниот живот. Ќе ви биде досадно и ќе ви се чини дека сте опкружени со плитки личности, без никакви интереси. Сепак, во втората половина ќе сретнете личност која ќе ви се чини интересна. И двајцата ќе уживате во заедничките мигови и разговори, па до крајот на месецот можно е да почнете и врска.

Риби

Ако сте во врска

Подгответе се за многу недоразбирања во првата половина од мај. Ќе настојувате да криете многу нешта од партнерот, а токму ова ќе биде причина за повеќето проблеми. Ќе се однесувате себично и ќе ги занемарувате потребите на партнерот. Кон крајот на месецот ќе си ги воочите грешките и ќе дадете сè од себе да ја вратите довербата на партнерот. Морате да бидете потполно искрени ако сакате да го постигнете тоа.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе запознавате луѓе кои воопшто нема да ви се допаѓаат, па повеќе ќе сакате да останувате дома. Кон средината на мај ситуацијата ќе се подобри – ќе запознаете личност кој веднаш ќе се вљуби во вас, а и кај вас ќе се родат чувства кон неа. Ќе почнете врска и ќе ви се чини дека сте ја сретнале вашата сродна душа.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg