Хороскопските знаци и деновите во неделата - Кој е препороден во понеделник, а кој владее за викенд?

Иако мислите дека сите „живеат за викенд,“ има знаци кои се чувствуваат мотивирано, среќно и исполнето и среде работна недела.

horoskopskite-znaci-i-denovite-vo-nedelata-koj-e-preporoden-vo-ponedelnik-a-koj-vladee-za-vikend-001.jpg

Како што секој хороскопски знак си има свои карактеристики, така си има и свој ден во неделата.

Па, кој е вашиот?

Понеделник – најдобар ден за родените во Рак

Понеделникот совршено им одговара, иако повеќето „чкрипат со забите“ од самата помисла на него. Ракот во понеделниците се чувствува препороден. Може мирно да го состави планот на обврските и да ја вложи енергијата која ја собрал за викенд.

Вторник – најдобар ден за Овните и Скорпиите

Вторникот им дава доза на нова енергија. Бидејќи понеделникот го поминуваат во планирање и фантазирање, вторникот е денот кога Овните и Скорпиите конечно ги реализираат своите идеи.

Среда – најдобар ден за Близнаците и Девиците

Во среда го достигнуваат врвот на енергијата и силата. Близнаците и Девиците имаат најголема мотивација за да го освојат светот токму во среда и веруваат дека им е среќна.

Четврток – најдобар ден за родените во Риби и Стрелец

Многумина го нарекуваат и мини-петок, па за Рибите и Стрелците четвртокот е мал рестарт. Создаден е за комуникација и креативност. Плус, имаат доволно завршено за да може да си дадат оддишка.

Петок – најдобар за Биковите и Вагите

Сите го сакаме петокот, но им одговара посебно на Биковите и Вагите. Ова е најава за мала пауза од обврските и уживање во животот, што е главната цел на овие два знака.

Сабота – најдобар ден за родените во Јарец и Водолија

Додека другите се залежуваат на троседот, Јарецот и Водолијата ја користат саботата за да останат активни. Својата недела ја заокружуваат продуктивно, а саботата им дава плус време за она што сакаат да го постигнат.

Недела – најдобар ден за родените Лавови

За луѓето родени во знакот на Лав, неделата обично е прв ден во неделата. Уживаат со полни гради, ги полнат батериите и се обидуваат да ја разбистрат главата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопски знаци што со еден поглед ви го заробуваат срцето (Девицата ви продира во душата) Близнаци – Имате чувство дека во нивните очи може да се огледате. Близнаци – ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
5 хороскопски знаци кои мразат да им кажувате што да прават Колку повеќе се обидувате да им кажувате на Овните што треба да прават, толку по...
4 хороскопски знаци на кои очајно им е потребен одмор Скорпии, можеби пробувате да се убедите дека не ви е потребен одмор, но и самите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg