Материјалисти со апетит, тврдоглави до „самоуништување“ - вистини во кои ќе се пронајдат сите Бикови
8. Најматеријалистички хороскопски знак
Бикот владее со парите – но, исто така тоа значи дека тие заземаат високо место во неговиот живот. Парите се неговата најголема сигурност во животот, и тие ќе сторат сè за да ја зголемат својата сметка.
Исто така, Биковите сакаат да бидат видени, па честопати купуваат скапи мобилни телефони, автомобили и куќи само за да покажат колку всушност тие се уникатни и богати.
9. Самоувереноста е нивната „јака“ страна
Повеќето Бикови поседуваат природна сигурност и не се плашат да преземат каква било акција.
Тие го „прегрнуваат“ светот и се сигурни во нивната улога во него.
10. Имаат одлична смисла за хумор
Биковите обожаваат да се задеваат и да се смеат.
Овие знаци никогаш не го сфаќаат животот премногу сериозно и сакаат да кажуваат и прават шеги на сметка на другите, но во никој случај не се поштедуваат и себеси.
11. Биковите се едни од најљубовните и сочувствителни знаци
Тие можат да бидат толку топли, љубовни и сочувствителни и се многу реални и отворени во врска со нивните чувства.
Имено, ако им се допаѓате, веднаш ќе дознаете за тоа.
12. Биковите често изобилуваат со убави гласови за пеење
Бидејќи Бикот владее со грлото и вокалните акорди, не е ни чудно што голем број Бикови се едни од најпознатите светски пејачи, и тоа: Адел, Кели Кларксон, Стиви Вондер, Енрике Иглесијас.
13. Биковите обожаваат шопинг
Тие имаат моќ да поминат часови во трговскиот центар и можат да донесат дома многу работи, кои всушност „не можат“ да си ги дозволат.
14. Решителноста е нивна препознатлива карактеристика
Овие знаци не се предомислуваат лесно, иако додека дојдат до донесената одлука, може да поминат денови, па и месеци.
Откако ќе решат нешто, многу е тешко да ги натерате да направат нешто друго - дури и ако тоа е подобра опција!
15. Голем број Бикови често чуваат миленичиња
Поради природниот афинитет на Биковите кон природата, овие знаци честопати поседуваат мачки, кучиња и други домашни животни.
Тие уживаат во друштвото и хармонијата кои истите ја носат.
Мила М. | Црнобело