Материјалисти со апетит, тврдоглави до „самоуништување“ - вистини во кои ќе се пронајдат сите Бикови
Голем број луѓе веруваат дека xороскопските знаци можат да откријат многу за одредена личност и нејзиниот живот.
Бикот претставува вториот знак на зодијакот воспоставен меѓу античките Месопотамци - кои го претставувале како небесен бик.
Убавина, елеганција и високо ниво на интелигенција - задолжителниот пакет кој го поседува секој припадник на овој хороскопски знак.
Дали сте Бик во хороскоп, или пак можеби познавате некој којшто е?
Во продолжение ви нудиме прошетка низ најинтересните факти за Бикот и неговите најспецифични одлики:
1. Безбедноста пред сè
Без разлика дали станува збор за пари, храна или покрив над главата, на Бикот му треба безбедност пред сè.
Тоа е она што всушност му носи најголема удобност. Без безбедност, тој се чувствува изгубено.
2. Многу Бикови избираат професија поврзана со финансии
Бидејќи Бикот одлично владее со парите, многу Бикови по професија се сметководители, банкари, финансиски службеници и ред други професии поврзани со материјалните добра.
3. Бикот има неугаслив апетит
Тие секогаш јадат - без разлика дали се на работа, дома, во кафуле или во парк. Во секое време можат да извадат некоја закуска од својата чанта, или некое мини-чоколатце од својот заден џеб.
4. Биковите обично претендираат да мирисаат добро
Биковите владеат со сетилата, и затоа се навистина сензуални. За нив е многу важно да мирисаат добро во секое време.
5. Луѓето Бикови „уживаат“ да бидат мрзеливи
Бикови, се препознавте, зарем не?!
Ако не треба да работат или по секоја цена да го напуштат домот, тие се совршено среќни стуткани пред телевизорот, со парче пица или некој добар чипс со сос.
6. Сексот и храната го делат гламурозното „прво место“
Овие луѓе покрај храната, имаат огромни апетити и во сексот, во коj особено уживаат кога се во врска.
7. Биковите се тврдоглави до „самоуништување“
Ниту еден друг знак не може да се мери со тврдоглавоста на Овенот, освен Бикот. Доказ за тоа пред сѐ, се нивните рогови. Луѓето родени во знакот на Бик се „бесно“ тврдоглави.
Во никој случај не сакаат да им се кажува што да прават и ќе речат „не“, дури и ако знаат дека она што го прават не е во ред, само бидејќи нивната тврдоглавост не умее да попушти.