Љубовен хороскоп за април 2021: Бикови – обид да го најдете вистинскиот, Девици – спонтано ќе влезете во врска

ljuboven-horoskop-za-april-2021-bikovi-obid-da-go-najdete-vistinskiot-devici-spontano-kje-vlezete-vo-vrska-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Нема да дозволите монотонијата да ви ја совлада врската, па во април ќе преземете поголема иницијатива. На повидок се викенд патувања и многу интимни моменти. Страста ќе се зајакне, а на вашиот партнер тоа ќе му одговарал. Во текот на месецот може да бидете и склони кон идеализирање на партнерот и преголеми очекувања, а тоа сепак може да донесе до некои разочарувања. Бидете си меѓусебна поддршка.

Ако сте слободни:

Личноста која подолго време ве привлекува и од која очекувавте иницијатива, може да се однесува целосно незаинтересирано. Тоа ќе ве натера да вложите повеќе напор за да привлечете внимание, но ќе сфатите дека е залудно. Ќе се откажете и додека очајувате, случајно ќе наидете на личност која ќе успее да ве поткрене од тага и лошо расположение.

Скорпија

Ако сте во врска:

Ќе знаете како да го придвижите партнерот во акција и да ја зачините врската. Страстен бран ќе го облее и вашиот љубовен живот, но тоа може да предизвика и љубоморни сцени и испади. Избегнувајте непотребни кавги, ќе бидете чувствителни и може да ескалираат. Кон средината на месецот ќе се стабилизирате, а до крајот на месецот ќе ја зајакнете врската, иако во меѓувреме ќе искусувате некои тешкотии.

Ако сте слободни:

Месецот ќе ви започне со средба со некоја атрактивна личност која ќе ве привлече со физичкиот изглед. Ќе посакате да се впуштите во врска без обврски, а тоа во целост ќе ви одговара на двете страни. Оваа авантура може да потрае во текот на месецот бидејќи не сте спремни за нешто повеќе. Стабилната и сериозна врска не се она што моментално ви е потребно. Сепак, кон крајот на месецот можни се дилеми околу тоа што навистина ви е потребно и сакате.

Стрелец

Ако сте во врска:

Месецот ќе ви започне со забавни активности кои ќе ви го исполнуваат заеднички времето и нема да имате време за кавги. Си влијаете позитивно меѓусебно, ќе разговарате на сериозни теми и ќе правите долгорочни планови. Добро ќе се разбирате и ќе се држите до договорите. Во втората половина ќе ги надминете и старите недоразбирања и јасно ќе ја согледате ситуацијата. Очигледно, во април ќе ви цветаат рози на љубовно поле.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете динамична личност со авантуристички дух, која ќе го разбуди вашиот заспан дух. Ќе бидете полни со енергија и расположени за необични љубовни состаноци во природа. Брзо ќе се впуштите во љубовна авантура, новиот партнер ќе ви делува позитивно и ќе ве држи во чекор со времето. Ќе си бидете меѓусебна поддршка и ќе се поттикнувате еден со друг да бидете подобри.

Јарец

Ако сте во врска:

Во април ќе покажете поголем интерес за плановите на партнерот и ќе се сложите за уредување на заеднички дом. Двајцата подеднакво ќе учествувате во процесот, а слободното време заеднички ќе го поминувате во природа, каде ќе сакате да се исклучите од секојдневните обврски. Првиот дел од месецот ќе го поминувате сами, а во втората половина ќе почнете да се мешате со најблискиот круг на пријатели. Одлучни сте во тоа да пронајдете нови заеднички интереси.

Ако сте слободни:

Април ви носи помалку активности и излегувања, а повеќе време поминато дома. Контактите во главно ќе ви бидат сведени на социјалните мрежи, а вам ќе ви одговара на кратко да се повлечете од сите. Ќе се наполните со позитивна енергија, ќе се пронајдете себеси и она што вам ве прави среќни. Месецов е посветен на себе-сакање, а откако ќе се пронајдете себеси, на крајот на месецот ќе пронајдете и некој со кој ќе имате многу заедничко и во кој ќе се заљубите.

Водолија

Ако сте во врска:

Во првата половина на април ќе имате одлично разбирање со партнерот и динамична комуникација. Одлично ќе се согласувате за заедничките потреби и планови. Ќе поминувате повеќе време во забава и ќе се опуштате на начин на кој на двајцата ви е потребен. Во втората половина уште повеќе ќе ја зајакнете енергијата помеѓу вас и ќе се разбирате без зборови. Кон крајот на април ќе се фокусирате на семејните потреби и на заеднички дом.

Ако сте слободни:

Во првата половина на месецот ќе бидете склони кон идеализирање на личноста која ви се допаѓа, а од која не го добивате истото. Ќе сфатите дека помеѓу вас нема да се случи ништо бидејќи гледате дека очигледно постои трета личност. Во втората половина на месецот ќе се помирите и ќе продолжите понатаму. Ќе најдете некој кој ќе ви пружи разбирање и е умее да ве насмее.

Риби

Ако сте во врска:

Во месец април ќе имате повеќе време за интимни моменти со партнерот, што ќе ви овозможи да се опуштите и да го подобрите квалитетот на врската. Ќе ги цените вистинските вредности и знаете точно што вашиот партнер сака. Во втората половина ќе размислувате на проширување на семејството, а ќе имате големо разбирање и согласување околу плановите.

Ако сте слободни:

Во втората половина на април ќе се впуштите спонтано во авантура со личност со која од неодамна се гледате и разговарате. Одреден период врската ќе ја држите во тајност, а тоа ви одговара на двајцата, да поминувате време заедно далеку од очите на другите. Ќе сфатите дека добро се разбирате, разговарате на секакви теми, дури и на некои теми на кои не сте зборувале и со блиските пријатели.



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за август 2024: Лавови – во врската ќе се разгорат емоции за трета личност Зафатените Овни ќе наидат на бурни односи во првата половина од месецот и загриж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg