Премногу се грижат за мислењето на другите – Кој е најнесигурниот хороскопски знак?
Овој емоционално нестабилен знак е најмногу склон кон несигурност од сите 12 знаци во Зодијакот. Иако навидум не изгледа така, тој се одликува и со најниска самодоверба од сите останати.
Ракот премногу се грижи за мислењето на другите луѓе, и од оние коишто му се блиски, но и оние кои ги видел само еднаш во животот.
Ракот има тенденција да ги земе сите коментари „здраво за готово“ и премногу лично.
Во неговиот имагинативен ум малите конструктивни критики можат да се трансформираат како силен напад врз личноста.
На Ракот му е неопходно постојано уверување дека е добар и дека вреди, работи што сака да ги слуша од семејството и пријателите.
Доколку не слушне позитивни и охрабрувачки зборови, му се зголемува несигурноста. Тогаш станува плачлив и раздразлив и прави вистинска драма како целиот свет е против него и никој не го сака.
Се затвора во себе и домот сè додека некој полека не го разубеди дека работите не се така црни.
(О)Милена | Црнобело