Близнаците – господари на валканите зборови: Хороскопските знаци и сексуалните одлики + компатибилност (18+)

Вага

Кога станува збор за спалната соба, Вагите многу ја ценат рамнотежата и убавината, а ова ги прави неверојатно дарежливи и промислени љубовници. Тие се стимулирани од физичката привлечност на својот партнер. Флертувачки и авантуристички настроени, Вагите сакаат да се фалат со своите атрибути и да бидат обожавани. Секогаш се подготвени да им дадат шанса на нови работи.

Сексуална компатибилност: Вагата ќе се чувствува пријатно доколку ги оствари своите сексуални желби со експерименталната Водолија.

Скорпија

Најсензуалниот знак во зодијакот, Скорпиите се страсни и интензивни во спалната соба и ја гледаат физичката интимност како клучен дел од врската. Очекувајте лудории како игра на доминација и игра со улоги, неверојатна сексуална моќ и секс кој отстапува од шаблонот на традиционалните позиции.

Сексуална компатибилност: Слични по нивната сексуална природа и потребата за длабока, емотивна врска, Биковите и Скорпиите може да имаат магнетски, сексуален живот, подеднакво интимен и опсесивен.

Стрелец

Смели и авантуристички настроени, Стрелците секогаш со задоволство им пристапуваат на новите сексуални искуства и идеи. Тие сакаат елемент на предизвик или ризик. Стрелците сакаат и хумор во нивните сексуални односи; разиграниот Стрелец нема да го сфати сето тоа премногу сериозно, за нив сексот е забавна игра.

Сексуална компатибилност: Стрелците навидум не треба да гледаат подалеку од огнениот знак, Овен. Но, според нивниот игрив дух кој повеќе ја цени смеата и емотивната поврзаност отколку физичкиот чин на секс, тогаш Близнаците се нивната крајна цел во креветот.

Јарец

Промислени, прагматични и многу дарежливи љубовници кои сјајно се покажуваат во креветот. Јарците се секогаш расположени да научат како подобро да го задоволат партнерот. Нивната амбициозна природа ги тера да експериментираат, заинтересирани за сексуални игри кои вклучуваат моќ и контрола.

Сексуална компатибилност: Тенденцијата на Јарецот кон доминација и лидерство, дури и во креветот, ги прави многу заштитнички настроени и на некој начин „незгодни“ љубовници, што ги прави совршени за сексуално интензивните и дарежливи Ракови.

Водолија

Иновативни, ексцентрични и склони кон експериментирања, Водолиите никогаш не се плашат да испробаат нешто ново и различно, без разлика дали тоа е секс играчка или некоја поинаква сексуална положба. Тие се толку слободоумни, нивната сексуална динамика е отворена и кон групен секс или „отворени“ врски.

Сексуална компатибилност: Духовитата и гласна природа на Близнаците одлично ѝ одговара на една Водолија, додека типично авантуристички и високо енергичниот Стрелец дефинитивно ќе може да биде во чекор со овој знак што обожава да експериментира.

Риби

Длабоко романтични и во потрага по многу сензуална и емотивна врска, Рибите имаат тенденција да бидат многу интимни љубовни. Тие сметаат дека градењето на таква емотивна врска со некого е прилично клучна за страсно водење љубов, нешто по коешто длабоко копнеат.

Сексуална компатибилност: Подеднакво страстен во поглед на задоволството и исполнувањето на нивните емотивни потреби, Бикот е генерално брилијантен сексуален натпревар за Риби. Меѓутоа, ако нивната потреба за романса ја надминува желбата за страст, тогаш Ракот може да биде подобар сексуален избор.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
6 хороскопски знаци кои имаат „луксузен вкус“ и трошат на скапи работи Од скапи ресторани, до чести посети на трговски центар, личностите родени во хор...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg