Близнаците – господари на валканите зборови: Хороскопските знаци и сексуалните одлики + компатибилност (18+)

Ѕвездите може да бидат „клучот“ за откривање на вашата сексуална компатибилност со другите знаци од зодијакот. Каков љубовник сте според хороскопскиот знак? Што претставува сексот за вас?

Znacite-i-seksualnite-odliki-i-kompatibilnost-01.jpg

Овен

Верни на својата природа, Овните се страсни и спонтани кога станува збор за сексот. Не сакаат премногу грубости во креветот. Овенот не се заморува лесно, среќен е што доминира и е прилично опуштен во кревет, генерално не му треба премногу предигра и романса, туку „директно“ оди во акција.

Сексуална компатибилност: Лав. Кога овие два огнени знаци се заедно, очекувајте да летаат искри. Тие може да се расправаат апсолутно секаде и за сè, но сексот им е единствената заедничка тема со успешна реализација.

Бик

Биковите по природа се сензуални и бавни. Среќни се кога имаат лежерен секс без премногу „огномети и ѕвона“. Очекувајте многу контакт со очите, долга предигра, допир и блискост, како и сензуални, интимни позиции.

Сексуална компатибилност: Интуитивни и сензуални, Рак, Риби и Скорпија се одличен избор како сексуални партнери на еден Бик.

Близнаци

Експресивни, гласни и неверојатно имагинативни. Близнаците се стимулираат од зборови, обожаваат флерт и многу ја ценат комуникацијата во спалната соба. Тие се „господари“ на валканите разговори. Провокативната енергија и вербалниот контакт се двете работи по коишто најмногу копнеат во креветот.

Сексуална компатибилност: разиграниот пристап на Стрелецот, како и леснотијата на однесувањето го прави одличен партнер за Близнаците. И двајцата особено го ценат интелектот како и добриот хумор во спалната соба.

Рак

Емотивниот и сочувствителен Рак копнее по блискост преку сензуално бакнување со јазикот и орален секс. Тие се едни од ретките кои сакаат да се „запотат“ во креветот, обожаваат допири и контакт со очите. Нивната имагинативна природа значи дека тие се сексуално либерални суштества.

Сексуална компатибилност: за Ракот идеален партнер е оној кој посакува слична стимулација на сетилата. Бикот е фантастичен за ова. Сепак, одлична опција за Раковите е и внимателниот и трпелив Јарец бидејќи и двајцата многу ја ценат важноста на емоционалната врска.

Лав

Тие се вистински егзибиционисти, супер енергични во креветот и сакаат да даваат и да добиваат комплименти. Екстравагантен до срж, Лавот цени романтични детали како ливчиња од рози, шампањ и чаршафи со високи квалитет. Обожаваат секси долна облекува и „играње“ улоги во креветот.

Сексуална компатибилност: Енергичниот Стрелец како огнен знак сигурно ќе може да одржи чекор со Лавот во креветот. Сепак, бидете сигурни дека Лавот ќе доминира.

Девица

Иако Девицата ја чува својата приватност и интима, ќе погрешите доколку мислите дека се многу невини. Педантни и внимателни, тие сакаат да ја погодат сексуалната точка на својот партнер и ќе дадат сè од себеси. Иако се релативно примерни, може да се препуштат на различни фантазии и фетиши.

Сексуална компатибилност: Бидејќи двајцата сакаат прецизноста и организираноста да биде дел од задоволството, откачениот Јарец е одличен сексуален партнер за Девицата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
6 хороскопски знаци кои имаат „луксузен вкус“ и трошат на скапи работи Од скапи ресторани, до чести посети на трговски центар, личностите родени во хор...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg