Кинески хороскоп за 2021-ва: Што да очекувате во годината на биволот?

2020-та беше година на стаорецот, а според кинеската астрологија, 2021-ва ќе биде година на биволот. Годината на биволот ќе ни помогне да ги надминеме тешките предизвици што ни ги приреди годината на стаорецот, a ќе започне на 12 февруари.

kineski-horoskop-za-2021-va-shto-da-ochekuvate-vo-godinata-na-bivolot-01.jpg

Според астрологијата, ова ќе биде година на искреност, дисциплина и напорна работа, и ќе биде одличен период да воспоставите нова рутина и еднаш засекогаш да се ослободите од лошите навики.

Што да очекувате од годината на биволот според вашиот знак во кинескиот хороскоп?

Стаорец (родени во 1924, 1936,  1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Во 2021-ва подгответе се за многу предизвици на професионално поле. Ќе имате многу дополнителни обврски кои ќе го бараат целото ваше внимание, но сето ова ќе се исплати. Бидејќи секогаш сте желни за нов предизвик, без проблем ќе ги совладате сите, а на крај ќе бидете наградени со унапредување или барем покачување на платата.

Годинава ќе ви се најдат и парите што сте ги штеделе во 2020-та, но ова значи дека ќе морате да се контролирате кога станува збор за трошење, барем додека да ви ја покачат платата.

Во љубовта не очекувајте големи промени, а ако сте во врска или брак, целата година ќе владее хармонија.

Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

2021-ва година ќе биде многу продуктивна за вас, па ќе имате многу поводи за славење. Ќе успеете да се истакнете на работното место и да ги покажете вашите вештини и способности, а можно е да започнете и свој бизнис.

Годинава многу ќе се посветите на вашето семејство, а ако сте сингл, постои голема веројатност да ја најдете сродната душа, па дури и да стапите во брак. Оние кои веќе се во брак, можно е да одлучат да го прошират семејството.

Поради работните обврски можно е да го запоставите социјалниот живот, па осигурете се дека ќе се фокусирате и на тоа.

Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

За вас, 2021-ва ќе биде година исполнета со можеби најмногу предизвици досега. Веројатно ќе треба да ги одложите големите планови и најдобро е да се фокусирате на проектите што веќе ви се почнати.

Во текот на целата година најмногу проблеми ќе ви предизвикува вашата тврдоглавост, која може да биде причина за многу конфликти и на работното место, и во домот.

Годинава поставете си цел да бидете посмирени и потрпеливи, а кога ќе се најдете во лоша ситуација, не заборавајте дека тоа е само привремено. На овој начин ќе успеете да избегнете многу проблеми.

Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Во првата половина од годината ќе мора да одложите многу планови и цели, но добрите вести се дека до крајот на 2021-ва, сепак ќе успеете да реализирате дел од нив.

Годинава подгответе се за неколку разочарувања и немојте да очекувате премногу од другите. Истовремено, немојте да правите огромни промени во вашите планови, дури и оние што ќе ги одложите.

Ако сте во врска, ќе се појават проблеми, но најмногу поради стресот од вашето работно место. Оваа година научете да се справувате со него, бидејќи можно е да почувствувате влијание и врз вашето здравје.

Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

2021-ва ќе биде година на успеси за вас – ќе се справите со многу предизвици и ќе успеете да ги промените лошите животни навики.

Оваа година ќе научите подобро да ги „читате“ другите, а со ова умешно ќе ги избегнувате луѓето кои сакаат да ве манипулираат и само да ви наштетат.

Годинава фокусирајте се на вашите најамбициозни цели, без разлика дали во љубовта, на работното место или во приватниот живот, бидејќи навистина ќе успеете да направите што и да наумите.

Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Добро размислете пред да се впуштите во нешто ново во 2021-ва. Годинава најголем проблем ќе ви претставува мрзливоста, па ќе ви треба челична волја за да почнете со реализирање на нов план или нова цел.

Доста проблеми ќе ви предизвикува и тврдоглавоста, но и нерационалното размислување, и тоа во сите области од животот.

За да ги избегнете проблемите и да напреднете во животот бидете поразумни и побарајте помош од другите кога ќе имате треба од тоа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg