Годишен хороскоп за 2021: Стрелец
2021 ќе биде година која Стрелецот ќе ја сака на секое поле, бидејќи ќе го следи среќа. Годината ќе нуди можности за патување, а ќе има и изненадувања на љубовно поле.
Септември и октомври ќе бидат месеците кои ќе ги однесат Стрелците во нова љубовна насока и ќе донесат позитивни промени.
Годината ќе ви ја одбележат возбудливи авантури, запознавање нови пријатели, нови договори, понуди за работа и партнерства, нови клиенти и натпревари со шанси за успех.
Но, до мај може да чувствувате како среќата да ве напуштила и дека тапкате во место, дури потоа ќе се истакнете и ќе ги забележите придобивките од годината.
Финансии и работа
Партнерствата може да ви донесат некој дополнителен приход во 2021, а кон јуни се очекува зголемување на приходот.
Во периодот од мај до јуни може да се впуштите во некои легални преговори и ќе имате шанса да затворите некои стари долгови.
Стрелците кои бараат нова работа ќе потпишат важен договор во овој период и конечно ќе најдат нешто што одговара на нивниот профил.
Првите 4 месеци од годината ќе треба да одржувате стабилен баланс, а може да го искористите периодот за надоградување и создавање пат за нешто подобро.
Од мај понатаму ве очекуваат поголеми промени, а посебно оние кои се занимаваат со образование, јавна работа, медиуми, трговија или работат за странство, ќе ги очекува голем успех.
Ќе можете да си ги покажете креативните страни, да го истакнете талентот и конечно да се впуштите кон остварување на некои цели.
Љубов
Освен финансиска поддршка, во периодот од мај до август, Стрелците ќе уживаат и во планетарна поддршка на поле љубов.
Оние кои ќе успеат да го искористат ова како предност, ќе имаат среќна и релаксирана година, а ќе си ги постават темелите за безгрижна иднина.
Слободните Стрелци може да се вљубат во некој кој едвај го познаваат, а ќе имаат само една цел – брак.
Некои Стрелци може да се впуштат во врска со личност која е сомнителна или плашлива.
Оваа година ќе биде важна за ова поле, но и генерално за социјалниот живот, одбележете ја со подобрување на односите со луѓето кои ги сакате.
Оние кои се во врска, во 2021 ќе минуваат низ фаза на раст, а посебно од јуни до август ве очекуваат незаборавни моменти.
Здравје
Важно е да го сочувате ведриот дух и позитивната енергија, како и редовно да ги правите здравствените контроли.
Оние кои спортуваат да бидат внимателни на повреди посебно во периодот на март и јуни. Деловите од телото околу колковите и бутовите ќе бидат почувствителни.
Некои стрелци пак, ќе страдаат од проблеми со варењето, а веројатно ќе треба да се откажете од некои типови храна кои ќе ви пречат.
Збогатете го менито со овошје и зеленчук и генерално здрава храна.
фото: depositphotos.com