Лавот има големо его, но и голем страв што мислат другите за него – Помалку познати факти за знаците што ретко ги читаме
Вага – иако се „кантарот“ за премерување, сепак кога станува збор за носење одлуки тие се неодлучни и многу здодевни. Може да ве заморуваат со еден ист проблем со недели и повторно да не донесат никакво решение. Симпатични се, но по малку наивни и изгубени во просторот.
Скорпија – многумина ги сметаат за мрачниот знак на зодијакот, знакот на сексот и смртта, но вистината е дека Скорпиите се добри луѓе кои постојано плачат во приватноста на својот дом, во потрага по вистинска љубов, одлични слушатели и даваат секогаш добри совети.
Стрелец – подготвени се да кренат раце од сè само за своето добро. Себични се, иако не се свесни за оваа своја навика. Едни од знаците кои веруваат дека секој мора да има свој психотерапевт – најчесто таму си ја отвораат душата и сакаат да ги озборуваат своите пријатели и да споделуваат озборувања.
Јарец – не секој Јарец се грижи за својот социјален статус и кариерата. Многумина сакаат да живеат опуштен живот, да јадат сладолед и да се смеат. Имаат одлична смисла за хумор резервирана само за најблиските пријатели. Не се и толку скржави како што сите генерално ги сметаат за такви.
Водолија – не се толку безгрижни како што сакаат да се претстават пред светот. Имаат свои грижи, проблеми и потајни стравови со кои се борат постојано. Не се ниту толку комуникативни и секогаш подготвени за забава, најчесто сакаат да самуваат во рамките на домот.
Риби – слатка фасада однадвор, но одвнатре сакаат да си наштетат себеси. Често пати имаат мрачни мисли. Се обидуваат по секоја цена да бидат сталожени и фини, но секој човек има точка на пукање. Кога ќе ја достигнат својата, нема да умеете да ги препознаете.
(О)Милена | Црнобело