Рибите губат важни предмети, вагите трошат премногу пари – лоши навики од кои знаците не може да се ослободат
Вага – троши премногу пари. Вагата навистина не знае што значи зборот штедење. Платата одвај ѝ стигнува до средината на месецот. Троши пари на големи, битни и неопходни работи, но и на мали ситници и глупости кои реално никогаш нема да ѝ затребаат. Но, великодушна е и многу сака да подарува на блиски и сакани луѓе.
Скорпија – станува посесивна. Ова однесување е типично за Скорпиите. Кога сакаат некого, без разлика дали станува збор за пријателска или љубовна врска толку многу им се посветени што ќе го доведат другиот до лудило. Доколку не им одговарате на пораките или повиците подготвени се да се нацртаат пред вашата врата и да ве чекаат со часови додека не се вратите дома.
Стрелец – прави импулсивни планови. Доколку правилото е планови во „5 до 12“, стрелецот ги прави минутка до 12. Тоа е единствениот знак во зодијакот кому може да му се јавите во 4 по полноќ со идејата да јадете бургери некаде и да дојде заедно со вас за да ви прави друштво. Ваквото однесување ги чини многу – особено кога станува збор за работата и работните обврски, бидејќи ги занемаруваат во име на спонтаноста.
Јарец – секогаш го чита прво крајот на книгата. Познати по тоа што навистина немаат трпение, Јарците секогаш ја вратат заднината на книгата, како и последните страница-две за да го дознаат крајот. Ова не се однесува само на книгите, туку и на животот генерално. Немаа трпение да го дочекаат исходот од некоја ситуација, па затоа носат нагли и пребрзи одлуки за кои подоцна се каат.
Водолија – нема точно определено време за ништо. Ниту за јадење, ниту за работа, ниту за спиење. Непостојани се и ретко човек може вистински да се потпре на Водолијата. Подоцна се жалат на нарушениот биоритам и на здравјето, како немаат време за ништо. Кога всушност вистината е дека одбиваат да се организираат, само затоа што се немарни и по малку спонтани.
Риби – губи важни предмети. Рибите не се зависници од материјални предмети. Дури воопшто и не обрнуваат внимание на нив, макар и кога станува збор за нешто вредно и скапоцено. Често пати им се случува да изгубат нешто што им е оставено во наследство и воопшто да не се потресат за тоа. Нив ги води максимата – ништо не е повредно отколку здравјето.
(О)Милена | Црнобело