Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лавот заборава важни детали, Скорпијата не може да се наспие – кога знаците чувствуваат дека ја губат контролата?

Дури и најдобрите попуштаат под притисок. А кога се случува ова, останува да се запрашаме – зошто ја губиме контролата врз сопствениот живот?

Koga-znacite-ja-gubat-kontrolata-01.jpg

Според астрологијата, секој од знаците има своја „точка на топење“.

Дознајте која е вашата, можеби полесно ќе се справите со проблемите и секојдневните предизвици:

Овен – сè уште немате создадено добра рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Се мачите да ги завршите сите обврски во денот. На крајот сте преморени и исцрпени.

Бик – не можете да ги контролирате емоциите во последните неколку месеци. Чувствувате дека не можете да пронајдете вистинска среќа, а тоа ве фрустрира. Во потрага сте по љубов, а не секс за една ноќ.

Близнаци – вашиот распоред е она што ве побудалува. Трчате наоколу како „мува без глава“ бидејќи имате стотина обврски во планерот и не можете да одлучите што е приоритет, а што не.

Рак – сте го изгубиле контактот со многу блиски луѓе во животот. Сега сте загрижени дека ви се лизгаат низ прстите и немате никаква идеја како ќе продолжите понатаму без нив. Тажни сте и тешко може да се утешите по однос на ова прашање.

Лав – се фаќате себеси како заборавате на многу битни работи. Ова прилично ви го отежнува животот, затоа што правите ситни и навидум глупави, но непростливи грешки што ви го комплицираат секојдневието и рутината.

Девица – животот ви се смени за 180 степени. Почнувате да сфаќате дека сè во што сте биле сигурни – луѓе, случки, настани е дефинитивно една голема лага. Почнувате да се преиспитувате и себеси, сомнежите ве разјадуваат одвнатре.

Вага – честопати го губите трпението и започнувате неконтролирано да викате некому. Не можете да си ја контролирате промената на расположението. Не можете да сфатите од каде потекнува ова внатрешно незадоволство.

Скорпија – не сте се наспале добро со месеци. Се борите со несоница и не можете да врзете неколку часа сон дур и со помош на лекови. Се борите да останете будни, особено на работното место.

Стрелец – немате поим во кој правец се движи вашиот живот. Немате идеја што или кој ве усреќува и ова дополнителни ве фрустрира особено што „навидум“ сите околу вас знаат точно што прават.

Јарец – сакате сè да направите самите. Не реагирате кога некој друг ви подава рака или пак ви нуди помош. На крајот од денот сте преморени и нервози, жалејќи се како никој не ви помага во животот.

Водолија – се чувствувате мошне несигурно во последно време. Како да не сте „доволни“ сами на себе и на останатите околу вас. Но, чувствувате како и другите не ви се доволни вам, што дополнително ве збунува.

Риби – вашиот распоред е пренатрупан. Имате толку многу обврски за завршување што не знаете од каде да почнете. Па решавате да не правите ништо и само да прокрастинирате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како да го најдете вашиот духовен мир во 2025-та, според хороскопскиот знак? Стрелци, вие не можете да останете во место бидејќи постојано бегате од проблеми...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg