Кои се вашите потенцијални сродни души според хороскопскиот знак?

Вага

Вага и Лав

Ова е пар што нема да остане незабележан. И Вагите и Лавовите сакаат да се во центарот на вниманието, и постојано ќе ги бомбардираат сите со детали од нивната врска. Истовремено, тие ќе се обидат да го извлечат најдоброто од себе за партнерот и речиси секој ќе им завидува.

Вага и Близнаци

Оваа врска е изградена врз база на пријателство. И двајцата партнери постојано ќе се грижат еден за друг и ќе го даваат најдоброто од себе за врската. Караниците се ретки кај овој пар, најмногу бидејќи и двајцата сакаат да го најдат наједноставното решение.

Вага и Скорпија

Вагите се многу чувствителни, а Скорпиите знаат да избрзаат со нивните зборови без да размислат за туѓите чувства. Поради ова, врската можеби нема да биде совршена, но факт е дека во овој случај и двајцата партнери нема да се откажат еден од друг.

Скорпија

Скорпија и Рак

Ова може да биде најсилниот пар во зодијакот. Ракот ги исполнува недостатоците на Скорпијата, а важи и обратното. Додека Скорпијата може да биде ладна личност, Ракот ќе ѝ покаже дека заслужува љубов. Скорпијата, пак, ќе му помогне на Ракот да ги открие своите силни страни.

Скорпија и Вага

Вагите се многу чувствителни, а Скорпиите знаат да избрзаат со нивните зборови без да размислат за туѓите чувства. Поради ова, врската можеби нема да биде совршена, но факт е дека во овој случај и двајцата партнери нема да се откажат еден од друг.

Скорпија и Риби

Во оваа врска Скорпијата ќе биде доминантна, но ова им годи на Рибите. На Скорпиите неретко им е потребен одмор од секојдневието и сите луѓе околу нив, а Рибите потполно го разбираат ова. Истовремено, Скорпиите се позатворени личности, но Рибите знаат како да им пријдат и да ги натераат да го спуштат нивниот штит.

Стрелец

Стрелец и Овен

Во оваа врска, Овенот може да има проблем со темпераментот, но Стрелецот секогаш знае како да го смири. За Стрелецот е вистински предизвик да го освои срцето на Овенот, но и да му покаже дека е во ред да ги искаже своите чувства.

Стрелец и Лав

Ова е парот што ќе се забавува најмногу. И Лавовите и Стрелците се безгрижни и не ги интересираат драми, па помеѓу нив речиси и да нема конфликти. И на двајцата најважно им е да уживаат во заедничките мигови и да знаат дека партнерот им е и пријател.

Стрелец и Близнаци

Во оваа врска, Стрелецот ќе биде поромантичниот партнер поради карактерот на Близнаците. На Близнаците ќе им годи ова, па постојано ќе ја покажуваат нивната љубов, како знаат и умеат. Истовремено, Близнаците ќе им бидат огромна поддршка на Стрелците и заедно ќе се борат да стигнат до нивните цели.

koi-se-vashite-potencijalni-srodni-dushi-spored-horoskopskiot-znak-06.jpg

Јарец

Јарец и Јарец

Она што ја прави оваа врска силна се истите вредности на Јарците, но и нивното минато. На овие луѓе најважна им е сигурноста во врската – потребен им е партнер на кој можат да се потпрат и со кој гледаат некаква иднина. Бидејќи и двајцата го сакаат истото, нивната врска ќе биде совршена.

Јарец и Девица

На оваа врска ќе ѝ треба подолго за да стане сериозна, но само затоа што и двајцата се скептични и страв им е да не бидат повредени. Но штом ќе сфатат дека врската има потенцијал и штом добро ќе се запознаат, нивната врска ќе стане навистина стабилна.

Јарец и Бик

Ова е можеби најмоќниот пар во зодијакот. И двата знаци се независни и силни, а кога се заедно се уште помоќни.

Водолија

Водолија и Водолија

Водолиите сакаат да се истакнат, но кога се со личност речиси иста како нив, повеќе ќе се фокусираат на партнерот отколку на себе. Во оваа врска и двајцата партнери постојано ќе се предизвикуваат и ќе си помагаат да ги достигнат нивните цели.

Водолија и Бик

Биковите се тврдоглави, а кога првпат ќе се сретнат со Водолија, можно е дури и да се мразат. Но, со текот на времето ќе сфатат дека имаат многу повеќе сличности отколку разлики и вистински ќе уживаат во заедничките моменти.

Водолија и Овен

Овие знаци можат да разговараат со часови бидејќи се едни од најкомпатибилните во зодијакот. Веројатно уште при првата средба ќе сфатат дека се создадени еден за друг, а нивната емоционална поврзаност е нешто што ретко се гледа.

Риби

Риби и Скорпија

Во оваа врска Скорпијата ќе биде доминантна, но ова им годи на Рибите. На Скорпиите неретко им е потребен одмор од секојдневието и сите луѓе околу нив, а Рибите потполно го разбираат ова. Истовремено, Скорпиите се позатворени личности, но Рибите знаат како да им пријдат и да ги натераат да го спуштат нивниот штит.

Риби и Близнаци

И Рибите и Близнаците се чувствителни и полни со сочувство. Рибите се посрамежливи, но Близнаците се секогаш подготвени за акција, па им помагаат на Рибите да ја напуштат нивната зона на удобност. Рибите, пак, ќе им покажат на Близнаците колку е важна љубовта и ќе ги научат да ги слушаат нивните емоции.

Риби и Риби

Рибите е најемотивните луѓе во зодијакот, па одлично ќе се согласуваат со партнер со истиот хороскопски знак. Во оваа врска, и двајцата се искрени и речиси и да нема конфликти.

koi-se-vashite-potencijalni-srodni-dushi-spored-horoskopskiot-znak-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg