Тие чувствуваат сè и најмногу страдаат во себе – кои знаци се полни со емпатија и емоционална интелигенција?
Емпатијата претставува способност да сочувствувате со некој друг, неговата состојба и проблеми, да умеете да се поврзете со другите луѓе. Едноставно – да „облечете“ нечии туѓи чевли и да пропешачите некое време во нив.
Сепак, не сите 12 знаци во зодијакот може да се пофалат со емоционална интелигенција и емпатија. Дали сте еден од петте знаци кои чувствуваат сè?
Риби
Навистина е тешко што Рибите се обидуваат да им угодат на сите околу нив. Кога ќе ја додадете и емпатијата, може слободно да кажеме дека Рибите се во постојана агонија и анксиозност.
Рибите чувствуваат кога членовите од семејството се соочуваат со емоционална болка и постојано се околу нив со желба да ја впијат туѓата негативност. Ова не го прават затоа што многу сакаат, туку затоа што имаат очајна потреба да помогнат некому.
Во голем дел од времето луѓето и самите ве бараат и сметаат на вашето присуство затоа што делувате смирувачки врз нив. Вие ја носите сета тежина на светот врз своите раменици, но ја криете сопствената болка и ретко кога би ја поделиле со некој друг.
Бик
На прв поглед нема да помислите дека Биковите се полни со емпатија или дека се длабоко чувствителни. Но време е овој стереотип да престане. Биковите се исклучително сензитивни особено на емоционалните испади од страна на другите луѓе, па дури и на физичките.
Секогаш се тука кога им се потребни на најблиските. Сочувствуваат со нивната болка и нивната добра природа прави сè што е во нивна моќ да помогнат.
Биковите се најдобрите пријатели кои би ги посакал еден човек, затоа што се вистински емпатични луѓе кои знаат како да утешат некого со љубезни зборови и постапки.
Девица
Целиот живот, Девицата е растргната помеѓу тешкиот перфекционизам и длабоката емпатија која ја чувствува во себе за другите.
Делуваат строго и студено, но само затоа што тоа им е одбранбениот механизам за да се заштитат од болката. Девиците гледаат сè, чувствуваат сè, имаат око за детали кои речиси никој не ги забележува и затоа и премногу страдаат.
Однадвор делуваат строго и одбивно, сепак, тоа е само нивната фасада. Поврзани се емотивно со многу луѓе, а најмногу со животните. Доколку некое животно страда, Девицата се бори за здив. Емпатијата и сочувството се длабоко вткаени во нив, што им го прават животот неподнослив понекогаш.
Скорпија
Уште еден знак кој, слично на Бикот, никој не би го поврзал со сочувство и емоционално страдање. Иронијата е во тоа што и покрај фактот што Скорпијата важи за строга и насилна, таа е многу сензитивна, се грижи за луѓето и еден од најемпатичните знаци во зодијакот.
Сакаат да помогнат секому, сакаат да ги прават луѓето среќни, па понекогаш дури и претеруваат со тоа.
Кога Скорпијата чувствува дека пријателот е несреќен или во неволја, ќе го сврти светот наопаку за нив. Проблемот е во тоа што Скорпијата или страда поради своите проблеми, или исклучиво поради туѓите, исклучувајќи се себеси од равенката. Едноставно не знаат за баланс или златна средина.
Водолија
Водолијата чувствува длабока емпатија и се однесува кон остатокот од светот како родител кон мало детенце. Се грижи за блиските околу себе, а доколку тие страдаат или чувствуваат болка, Водолијата посакува само да престане.
Не може да ја поднесе идејата дека некој е тажен и сам, па се обидува да ги усреќи луѓето по секоја цена.
Кога нивната помош не наидува на одобрување, односно не успеваат да им предизвикаат насмевка на луѓето, Водолиите тогаш стануваат прилично лути. Проблемот лежи токму тука. Почнуваат да страдаат поради својата лоша природа. Лутината им ја затапува емпатијата и престануваат да реагираат на туѓите проблеми.
(О)Милена | Црнобело