Овен – чекање ред, Девица – гласно зборување на телефон: Што најмногу ги нервира хороскопските знаци?

oven-chekanje-red-devica-glasno-zboruvanje-na-telefon-shto-najmnogu-gi-nervira-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага

Толерантната Вага тешко може да биде извадена од такт, но дури ни таа не може да остане рамнодушна на некои ситуации. Не сака непристојни луѓе, луѓе кои не оставаат бакшиш на добра услуга и такви кои се однесуваат дрско со други луѓе. Не може да поднесе гласно зборување во несоодветни ситуации и не сака кога некој е несреден во облеката или фризурата.

Скорпија

Овие страсни луѓе имаат низок степен на толеранција кон позери и површни личности. Ги нервираат самопрогласени инфлуенсери, животни тренери и луѓе кои ги мразат нивните услуги. Ги нервираат луѓето кои непотребно користат англизми и помодари. Не сакаат кога некој им паметува бидејќи мислат дека самите знаат најдобро. Посебно ги вознемирува кога ги споредуваат со други луѓе, посебно во љубовно-сексуална смисла.

Стрелец

Овој спонтан и толерантен знак не може да поднесе кога некој се обидува да го ограничи на кој било начин. Не сака песимистични луѓе кои го спуштаат на земја и ги одбиваат неговите идеи бидејќи се нереални. Не сакаат традиционалисти и луѓе кои не го поддржуваат. Трпението го губи во сите ситуации кога чувствува дека треба да се правда.

Јарец

Јарците се луѓе кои имаат многу барања, и иако на прв поглед изгледаат како ништо да не може да ги извади од такт, сепак тоа е само маска. Не поднесуваат расипани луѓе кои се фалат без покритие, кои сакаат да наштетат, или пак имаат екстравагантен стил. Ги нервира модерна технологија, претерани селфи фотки, хаштагови и секој нов тренд …

Водолија

Овој либерален и широкоумен знак не поднесува луѓе со примитивен начин на размислување и однесување. Не трпат расисти, шовинисти или хомофоби и сметаат дека секој заслужува ист третман. Не поднесуваат насилство кон животните, децата и воопшто кои било жртви. Го нервираат луѓе без амбиција во животот и „готовани“.

Риби

Овој нежен знак е многу приспособлив и толерантен, па не е лесно да се изнервира. Сепак, не може да поднесе насилство кон животни и деца. Не поднесува ладни и себични луѓе кои гледаат само за себе. Не може да ги сфати и луѓето кои го пикаат секаде носот, а најмногу ги нервираат луѓе кои земаат сè при срце.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg