Хороскопски знаци кои не сакаат да ги „етикетираат“ љубовните врски
Вешто го избегнуваат прашањето „на што сме?“ и многу лесно губат интерес кога другата страна ќе се обиде да ја официјализира врската.
Независно дали се гледате само неколку недели или веќе ви се ближи првата годишнина, обидите за етикетирање на статусот ќе завршат неуспешно со овие 3 знаци:
Близнаци
Близнаците се познати по својата парадоксална природа. Бидејќи често имаат внатрешни конфликти, тешко им е да донесат конечна одлука.
Не е невообичаено од една страна да ве третираат како партнер за сериозно, а од друга страна да побаруваат комплетна слобода.
Вага
По природа, Вагите се личности кои не сакаат кавги и немири, па по секоја цена се трудат да ги избегнат. Од оваа причина, никогаш не дискутираат за своите емоции.
Додека не се заљубат комплетно, обидите за официјализирање на врската ви се неуспешни. Честопати се во дилема и поради минатите лоши искуства, па сакаат да држат дистанца колку можат подолго.
Водолија
Ова е знак кој има многу квалитети, но искреното покажување на емоциите не е еден од нив. Ранливоста е нивна особина која сакаат по секоја цена да ја скријат.
Имаат високи стандарди и барања од партнерот, па имаат сериозен проблем доколку едно од очекувањата не им е исполнето.
М. Д. | Црнобело