Колку време им е потребно на секој од знаците да ви простат во животот?
Вага
Вагата мрази да држи лутина некому. Кај неа е сè поврзано со љубов и среќа. Ќе направи сè што е во нејзина моќ со цел пријателството да не биде загрозено, без разлика колку лоша караница сте имале. Секако, како и секој знак во зодијакот, и Вагата има граница до која може да ги трпи нештата.
Држењето лутина не е нивна природна особина. Таа ќе помести планини со цел да бидете повторно пријатели. Но, доколку вистински ја повредите, толку многу што нема да може ниту да ве погледне во очи, Вагата може да држи лутина засекогаш и да не се чувствува лошо во врска со тоа.
Скорпија
Скорпијата ќе држи лутина засекогаш … и уште малку после тоа. Можеби ќе ви изгледа неразумно, но реалноста е дека таа само го заштитува своето срце и себеси. Скорпијата е тип на човек што многу работи, а љуби уште повеќе и посилно, па кога чувствува дека навлегува во опасна и жестока караница, природната реакција е да ве игнорира и да ви го заврти грбот.
Еден од најголемите стравови на Скорпијата е дека ќе дозволи да му прости на погрешниот човек, што ќе ја повреди по втор или трет пат. Дури и да се знаете со години, Скорпијата нема проблем да ви биде лута исто толку време колку што се знаете. Тоа не секогаш е правилната одлука, но на Скорпијата не ѝ е гајле.
Стрелец
Не е карактеристично за Стрелецот да држи лутина премногу долго време. Тој сака само да биде опуштен, релаксиран и да се забавува. Освен доколку намерно не му ги повредите чувствата, нема шанси да ви биде лут само за да му се извинувате секој ден до крајот на животот. Вообичаено, Стрелецот може да држи лутина само неколку денови, а потоа ќе заборави.
Секако, ќе се разлути, но нема да помине ниту една недела пред да посака да се дружи повторно со вас. А кога ќе го прашате дали ви е сè уште лут искрено ќе ви каже – Веќе заборавив и за што се расправавме! Не сака негативни чувства и емоции и ќе ги избегне по секоја цена.
Јарец
Јарецот го има испланирано животот уште од мали нозе: да има одлична работа и секако, да стане шеф, да започне свое семејство, да има неверојатна група на пријатели кои ќе му даваат поддршка и да не дозволи никој и ништо да го контролираат или манипулираат. Доколку не сте дел од неговиот план ќе ве избрише како воопшто да не сте постоеле.
Јарецот нема време за лажни луѓе, лоши пријателства и негативни емоции. Може да држи лутина засекогаш – ниту простува, ниту заборава. Најмногу од сè сака да ви даде до знаење дека не можете просто да го налутите или вознемирите и да заминете без казна. Според Јарецот, животот е премногу краток за луѓето да му диктираат што да прави во него.
Водолија
Водолијата е тип на знак што понекогаш повеќе си ги сака пријателите отколку што се сака самата себеси. Таа ќе направи апсолутно сè за своите пријатели – освен да престане да биде она што е. Кога станува збор за држење лутина може да биде лута и до неколку години доколку се чувствува навистина повредено и изневерено.
Во реалноста, Водолијата мрази кога држи лутина некому. Но, кога е вознемирена не може да се однесува поинаку колку и да сака. По една година од прилика може да се обиде да стапи повторно во контакт со вас, но доколку нејзината интуиција ѝ вели дека прави грешка, таа ќе се премисли и ќе ви каже дека смирувањето едноставно не е доволно вредно.
Риби
Рибите мразат кога завршуваат со повредени чувства, но наместо да дозволат извинување од двете страни, радо би ја држеле лутина додека не расчистат сами со себе што ќе прават. Кога ќе ги вознемирите Рибите бидете сигурни дека не сакаат да зборуваат со вас и не сакаат да слушнат извинување, барем не веднаш после кавгата.
Умеат да држат лутина до неколку месеци, а потоа ќе ви заѕвонат или едноставно ќе се појавата на вашата врата за да се смирите. Не сакаат некој да им ги повредува чувствата, но уште помалку сакаат да изгубат драгоцен пријател. Ќе дадат сè од себе за да заборават и простат, но само доколку и вие го вложите истиот напор. Рибите се свесни дека пријателствата не се вечни доколку луѓето не работат на нив.
(О)Милена | Црнобело