Ракот - признание, Рибите - повеќе од само еден пијалак - што заслужува секој од знаците кога ќе излезе од карантин?
Вага – заслужувате честење. Секогаш планирате, секогаш анализирате и мудро ги трошите парите, односно најголемиот дл го штедите. Време е да се почестите со што ви душа сака. Вие го заслуживте тоа. Тргнете на патување, на луд шопинг и одврзете го ќесето.
Скорпија – да се сакате себеси. Да ја сакате личноста која ја гледате во огледалото секое утро. Времето поминато во самоизолација ќе направи да се чувствувате посамоуверено и многу подобро во својата кожа. Вие сте личност со вистинска вредност. Не дозволувајте никој да ве убеди во спротивното.
Стрелец – заслужувате да се чувствувате сигурно и безбедно. Да знаете дека сте сакани. Да се откачите сосема, но само со оние луѓе кои се доволни вредни за вашето друштво и внимание. Вистинските пријатели ќе си го откријат лицето за време на карантинот.
Јарец – заслужувате прегратка. Бевте многу под стрес и потребно ви е потсетување дека сте опкружени со луѓе на кои сте им недостигале и кои многу ве сакаат. Луѓе кои го сакаат само најдоброто за вас. Тие се среќни што ве имаат во животот, возвратете им со добро.
Водолија – заслужувате да си ги исполните соништата. Работевте напорно и на крајот тоа ќе се исплати. За многу кусо време ќе започнете да го живеете животот од соништата, доколку вложувате соодветно труд и напор како и досега. Не откажувајте се пред целта.
Риби – пијалак. И тоа не само еден. Повеќе пијалаци кои нема да броите. Заслужувате да се опуштите со семејството и пријателите. Да уживате во моментот на хармонија и среќа и да го исфрлите целиот стрес кој го акумулиравте во изминатиов период.
(О)Милена | Црнобело