Љубовен хороскоп за април 2020-та: Скорпиите ќе ги реализираат заедничките цели, Стрелците ќе започнат нова врска

Вага

Ако сте во врска

Во април повеќе ќе се фокусирате на личните цели, а ова ќе предизвика проблеми во врската. Партнерот ќе ве обвини дека сте себични, па размислете што го тера да мисли така. Во втората половина од месецот ситуацијата ќе се подобри. Сепак, доколку планирате да купувате нешто за домот, можно е да се појават мали несогласувања.

Ако сте слободни

Месецов повеќе ќе сакате авантура отколку сериозна врска. Поради ова, можно е да започнете кратка романса која ќе се заснова само на секс. За кратко ќе ѝ ставите крај на оваа врска, а веројатно во април нема да најдете личност со која можете да се поврзете. Пред почетокот на мај, можно е да почнете да се допишувате со личност што ќе ви го привлече вниманието.

Скорпија

Ако сте во врска

Сакате да го промените распоред во домот, а со партнерот лесно ќе се сложите за тоа. Во втората половина од месецот ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот и ќе владее вистинска хармонија. Ќе им обрнете повеќе внимание на заедничките цели и ќе барате начин да ги реализирате.

Ако сте слободни

Ако сте вљубени, овој месец ќе дознаете дека таа личност има некој друг. Поради ова можно е да реагирате бурно, па бидете повнимателни. Во втората половина од месецот ќе ја преболите оваа љубов и ќе почнете да разговарате со интересна личност. Можно е да започнете и сериозна врска.

Стрелец

Ако сте во врска

Почетокот на април ќе ви донесе стабилност во врската. Ќе водите важни разговори за заедничките планови и ќе се поддржувате еден со друг. Во втората половина од месецот ситуацијата ќе биде уште подобра – ќе минувате многу време со партнерот и уште повеќе ќе се зближите.

Ако сте слободни

Можно е да запознаете личност со која имате многу заеднички интереси и уште веднаш ќе сфатите дека комуникацијата ви оди одлично. Кон средината на месецот можно е да се појават обострани чувства кои уште толку ќе ве зближат. Најверојатно ќе започнете врска и ќе бидете пресреќни.

Јарец

Ако сте во врска

Периодов врската ќе ви биде монотона, па обидете се да му посветите повеќе внимание на партнерот, но и да внесете нешто ново. Во првата декада од месецот ќе бидете со променливо расположение, па можни се неколку мали расправи со партнерот. Во втората половина од април ќе имате можност да го подобрите односот, па искористете ја.

Ако сте слободни

Ќе се обидете да ѝ се приближите на личноста што ви се допаѓа, но најверојатно обидот ќе биде неуспешен. Ова ќе ве фрустрира и можно е да се впуштите во неколку кратки и безначајни врски. Во втората половина од месецот можно е да почнете посериозна врска, но нема да бидете сигурни што навистина сакате.

Водолија

Ако сте во врска

Потребно е повеќе да се забавувате со партнерот, па почесто поминувајте време заедно. Бидејќи секако морате да седите дома, искористете го периодот да се зближите и забавувате. Во втората половина од месецот можно е да се појават проблеми со довербата и домашните обврски. Обидете се да го решите ова до крајот на април.

Ако сте слободни

Ќе запознаете интересна личност преку заеднички пријател и ќе уживате во заедничките разговори. Но, во втората половина од месецот ќе сфатите дека не можете да ѝ верувате на оваа личност. Постарите Водолии можно е да почнат кратка врска со некој од соседството.

Риби

Ако сте во врска

Месецов ќе добивате повеќе внимание од партнерот, а ова ќе ви ја зголеми желбата за интимност. Ќе уживате во заедничките моменти и ќе разговарате за секакви теми. Во втората половина од месецот ќе се фокусирате на домот и заедничкиот буџет. Кон крајот на април можни се мали несогласувања околу очекувањата од врската.

Ако сте слободни

Ќе почнете да се допишувате со некоја личност и за брзо ќе се родат обострани чувства. На почетокот комуникацијата ќе се одвива само онлајн, но кон крајот на месецот можна е и средба во живо. Сепак, можно е да настанат конфликти поради недостаток од доверба.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg