Скорпиите се жалат, Раковите се преправаат дека не им е ништо: Какви се хороскопските знаци кога ќе настинат?
Хороскопот влијае на бројни карактеристики, начини на однесување и работи кои ги сакаме или мразиме, па може да влијае и на тоа како се однесуваме кога настинката ќе нè совлада.
Кој легнува на „смртна постела“ од обична настинка, а кој се преправа дека не му е ништо?
Овен
Ништо не го прашувајте кога е болен. Може да ви се развика на најобични прашања како: Дали измери температура и сакаш ли да ти направам чај? И тоа само затоа што се нервира што е врзан за креветот.
Бик
Ако го прашате Бикот, тој воопшто не е хипохондрик, туку само внимателен кога се работи за здравјето. На првото протекување на носот – Бикот веќе е кај матичниот по апчиња.
Близнаци
Близнаците наутро ќе му се јават на шефот да му се жалат колку се болни и ништо не можат да прават. Но, веќе попладне чудесно оздравуваат и го користат денот за дружење со пријателите.
Рак
Болни? Раковите никогаш не се болни. Одбрамбен механизам им е да се преправаат дека никогаш не им требаат апчиња или лекар.
Лав
Медицинските маски се распродадени? Веројатно Лавовите ги изнакупиле сите. Обожаваат брзопотезни решенија и ќе направат сè што можат, само да не стигнат до лекар.
Девица
Девиците трпат само за домашните и колегите да не ги остават на цедило. Високата температура и болното грло нема да ги спречи да си ги завршат обврските. Стискаат заби, колку и да се чувствуваат лошо.