Кои хороскопски знаци се најголемите песимисти?
Животот постојано ни приредува некои нови и несакани случувања, па затоа не можеме да очекуваме да бидеме оптимисти 100 проценти од времето.
Но, од сите знаци во хороскопот, има два кои на сите проблеми и случувања гледаат со песимизам, без воопшто да размислат за друга опција.
Тие постојано ја гледаат чашата како половина празна, наместо да „подзастанат“ малку и да ги разгледаат сите околности и случувања пред да донесат конечна одлука.
Можете ли да претпоставите за кои хороскопски знаци станува збор?
Девица
Доминантната карактеристика на Девиците е нивната желба за перфекционизам, па затоа многу често се премногу критични кон сѐ во животот и истиот го гледаат низ призмата на песимизмот.
Оваа нивна карактеристика произлегува од потребата да се грижат за сѐ и сѐ да биде под нивна контрола.
Многу често, тие знаат целосно да му се препуштат на песимизмот кога и најмала ситница нема да биде како што тие ја замислиле.
Но, единственото нешто што ги двои од најпесимистичкиот знак во зодијакот – Јарецот, е тоа што тие многу побрзо се адаптираат на промените и го прифаќаат проблемот, наместо да се „јадосуваат“ со денови за истиот.
Јарец
Бидејќи планетата Сатурн управува со Јарците, тие по природа се секогаш многу сериозни и се на граница со неконтролираниот песимизам. Слободно можеме да кажеме дека круната за најголеми песимисти им припаѓа нив.
Најлошо е што не се ни свесни за тоа и за нив е нормално секогаш да ги гледаат работите од негативна страна. Тие самите на себе си се најголеми непријатели, затоа што никогаш не си дозволуваат да се опуштат и длабоко да земат воздух.
Тие имаат потреба секоја ситуација да ја држат под највисок степен на контрола, па многу често нивниот песимизам се одразува како нивна најјака карактеристика. Не можете да бидете разочарани од луѓе кои сте очекувале да ве разочараат, нели?
На некој начин, Јарците наоѓаат мотивација во нивниот песимизам затоа што никогаш не се разочаруваат себеси, туку, напротив, работите излегуваат подобри од што тие очекувале.
Т. Ѓ. | Црнобело