Каде треба да патувате во 2020-та според хороскопскиот знак?
Вага – Романтична дестинација како Париз
Вагите се романтичари, па за нив нема подобра дестинација од градот на љубовта. Овој град може да ви понуди што и да посакате од едно патување, па не се двоумете и уште од сега резервирајте си билет.
Скорпија – Место за технолошки детокс како Карибите
Скорпиите имаат потреба да се исклучат од модерниот свет и да ги одморат сите сетила. Оваа година најдобрата дестинација за вас се Карибите. Овде вистински ќе се исклучите и ќе ги наполните батериите. Секако, не е дека ќе погрешите со некоја слична, но полесно достапна дестинација каде ќе се препуштите на природните убавини.
Стрелец – Место на кое ќе се „изгубите“ како Австралија
Вие сте најдобриот и најискусниот патник од целиот зодијак и навистина барате авантура. Вие не сакате да се излежувате во хотел, туку сакате да истражувате и да откривате нови места. Дестинациите како Австралија се совршен избор за вас.
Јарец – Дестинација со богата култура како Русија
Вие сакате балет, опера, концерти и секакви културни и уметнички манифестации. Патувањето до Санкт Петербург ќе ви го даде сето ова. Веројатно ако отидете, нема да сакате воопшто да се вратите назад.
Водолија – Необична дестинација како Лапонија
Иако сакате да среќавате нови луѓе, воопшто не ги сакате гужвите на туристичките дестинации. Па, најдобрите дестинации за вас се оние необичните. Ретко кој би помисли да оди во Лапонија, но поларната светлина е доволна причина да го посетите ова место.
Риби – Место со многу вода како Хаваи, Тајланд или друга егзотична дестинација
Вие се чувствувате најдобро кога сте покрај вода. Хаваи може да биде ваша оаза со прекрасните плажи, а ниту Тајланд нема да ве разочара со бескрајно синило и зеленило, каде може целосно да се препуштите на убавините.
Спирова С. | Црнобело