Египетски хороскоп: Кои антички божества ве штитат во љубовта?

Египетскиот хороскоп е еден од најстарите хороскопи, а го користеле фараоните за да им помогне во управувањето со нивната голема земја. Истиот е поделен на дванаесет знаци, а со секој знак управува еден владетел или божество. 

Egipetski horoskop koi anticki bozestva ve stitat vo ljubovta 01 630x340

Врз основа на вашиот датум на раѓање, можете да откриете кое божество ве заштитува и што овој хороскоп кажува за вашите емоции, но и за вашиот карактер. Кои антички божества ве штитат во љубовта?

АМОН - 01.01 - 02.02.

Во емотивниот живот ве заштитува Амон - богот на пророците - кој му дава на својот штитеник благослов да ја најде вистинската личност во животот. Вие сте упорна, но ненаметлива личност и ја извршувате својата волја тивко и полека.

На прв поглед, изгледате ладно, но во суштина имате длабоки чувства. Понекогаш дури и изгледате незаинтересирано, што е само маска, затоа што сте посветен и лојален човек кој оди на сè или на ништо.

Обично сте љубител на етно музика, која во добра атмосфера ви буди носталгија и сентименталност. Не толерирате неверство и во лоши врски знаете како да реагирате.

СЕБЕК - 03.02.- 04.03

Многу ја цените убавината и уметноста. Вие сте една од најнапредните личности кога станува збор за емоции. Секогаш сте оригинални и уникатни. Во емотивни врски, потребна ви е интелектуална размена и пријателство.

Љубопитни сте и не сакате да бидете приврзани само на една личност. Сакате да експериментирате.

ОЗИРИС - 05.03.- 09.04.

Вие сте романтични и сензуални. Имате тенденција да го идеализирате вашиот партнер и да го сакате животот. Полни сте со разбирање за другите и можете да бидете исклучително духовни.

Потребна ви е љубов и нежност, затоа што без тоа се чувствувате изгубени. Имате силна интуиција и љубов кон природата, поезијата и животните. Не сакате затворени простори и големи градови.

Egipetski horoskop koi anticki bozestva ve stitat vo ljubovta 02 630x340

ПТАХ - 10.04. - 02.05.

Вие сте импулсивна личност која бара и очекува многу од пријателите. Искрени сте и отворени, лојални, па дури и наивни. Бидејќи Птах е богот на вистината, не се согласувате со врски кои не се целосно искрени.

Луѓето под заштита на богот Птах знаат да променат многу партнери во потрага по вистинската личност.

Вашата страст е директна и сакате сè веднаш. Сепак, можете да донесете и мошне практични одлуки при изборот на партнерот. Обично избирате личност која стои цврсто на земја и на која може целосно да ѝ се верува.

ХОРУС - 03.05. - 16.06.

Емотивни и нестабилни, не сакате цврсти врски, повеќе ве привлекуваат авантури. Ќе дадете сè од себе за да ја задоволите вашата љубопитност. Силна и стабилна личност ќе биде вашата вистинска љубов, некој кој може да го скроти вашиот немирен дух, а сепак да ви даде возбуда што ја сакате.

Во секој случај, никој не смее да ве ограничува. Посесивните луѓе може да ве „задушат“.

НЕФТИС - 17.06. - 21.07.

Убавата Нефтис владее со овој, можеби најромантичен знак. Нејзините деца се неверојатно лојални на своите љубовници. Вие сте сензуални, страствени и многу емотивни. Потребна ви е љубов и нежност повеќе од кој било друг знак.

Вие сте многу креативни и ви требаат повеќе начини да се изразите, најчесто со некаква форма на уметност. Поради преосетливост и ранливост, мора да бидете многу внимателни при изборот на партнерот.

Мора да пронајдете некој што е исто толку внимателен и лојален, затоа што во спротивно можете да бидете „експлоатирани“.

Egipetski horoskop koi anticki bozestva ve stitat vo ljubovta 03 630x340

СЕТ - 22.07. - 18.08.

Имате многу жив темперамент, а вашите чувства се возвишени и достоинствени. Сет е бог на молња и бура, а на вашите чувства им дава жестока страст. Вие не се откажувате лесно и очекувате максимален ангажман од вашиот партнер.

Вашите критериуми понекогаш се толку високи што повеќе би сакале да седите и да фантазирате отколку да се предадете на некој кој само ќе ве задоволи половично. Потребна ви е личност со избалансиран карактер и темперамент, која ќе може да се справи со вашите жестоки чувства.

АНУБИС - 19.08. - 21.09.

Како личност сте многу одговорни, интелигентни и искрени, емотивни и романтични, но понекогаш ви недостасува иницијатива. Мора да вложите малку повеќе енергија и ентузијазам кога барате партнер.

Вие сте во состојба да сакате некого долго, долго време, без воопшто да се обидете да му пријдете и да започнете врска. Љубезни сте и дискретни. Имате тенденција да очекувате премногу, но во одреден момент мора да се спуштите на земја. Барате личност која ќе може да ги открие вашите квалитети. Вашите врски секогаш стануваат посилни со текот на времето.

РА - 22.09. - 15.10.

Вашите емоции се деликатни, полни со внимание и љубезност. Сакате романтична атмосфера и имагинативни љубовни игри за да се чувствувате целосно исполнети. Сигурно е дека нема да имате проблем да ја пронајдете вистинската личност, затоа што вие сте личноста која е идеална за заедничко живеење.

Романтичната атмосфера на почетокот на врската е неопходна за вас. Секогаш сте окружени со луѓе, но понекогаш не сте сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор и сте склони кон прекумерно двоумење.

egipetski-horoskop-koi-anticki-bozestva-ve-stitat-vo-ljubovta-04.jpg

ИЗИДА - 16.10. - 09.11.

Божицата Изида е божица на чуда, а лицата родени под нејзина заштита имаат волшебна моќ. Вашата насмевка е неодолива. Вие сте многу страствена личност и пред сè, очекувате такво однесување од партнерот.

Тешко ви е да им се спротивставите на своите чувства. Упорноста е една од вашите највпечатливи квалитети. Да се најде вистинската личност за вас е навистина лесно. Ја чувствувате љубовта дури и кога е далеку.

ТОТ - 10.11. - 03.12.

Понекогаш имате проблеми да ги покажете своите чувства, особено љубовните. Од една страна, потребен ви е некој кој секогаш ќе биде тука за вас, а од друга страна, имате постојана потреба да избегате.

Вашите емоционални потенцијали зависат најмногу од вашето расположение. Можете да бидете мрзеливи, но и дарежливи. Поради вашата расположеност и честите промени во расположението сте вистинска мистерија за другите луѓе.

За вас, љубовта е синоним за животот и затоа секоја врска е прекрасна. Со задоволство ја преземате иницијативата и лесно се заљубувате. Она што најмногу ве интересира се долгите односи во кои станувате, пред сè, пријатели со вашиот партнер.

egipetski-horoskop-koi-anticki-bozestva-ve-stitat-vo-ljubovta-05.jpg

ХАТОР - 04.12. - 31.12.

Заљубени сте во љубовта. Кога ќе се заљубите во некого, тешко можете да ја раскинете врската. Потребен ви е партнер кој ќе ве разбере, но и кој ќе може да ги стимулира сите оние чувства што се вртат во вашата потсвест. 

Хатор е божица на уметноста и музиката, а вашите чувства се рафинирани и нежни. Сакате љубов, но во исто време и се плашите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg