Хороскопски знаци кои не уживаат многу во празниците
На неколку знаци во Зодијакот им треба вистинско празнично чудо за да се опуштат и да уживаат во магијата на празниците.
Кои знаци не се баш воодушевени од празничната атмосфера која владее?
Јарец
Јарецот е тврдоглав и си има свој животен распоред со кој згрчено се држи. Ги мрази забавите и одвлекувањето на вниманието без добра причина.
За него празниците не значат ништо, освен губење на време.
Риби
Најголемите авантуристи во хороскопот, Божиќ го сметаат за обврска, со оглед на тоа што треба да поминат многу време дома.
Кога би било по нивно, празниците би ги користеле за да го истражат светот.
На Рибите празничните денови им се здодевни и никако не може да се опуштат.
Вага
Иако Вагата е еден од највеселите знаци во хороскопот, кога празниците се приближуваат, настапува голема фрустрација.
Неорганизираноста и неможноста да се фокусираат на една работа ги нервира.
Целото семејство, децата кои трчаат, гужвата, галамата и ручеците заедно со подароците им создаваат незадоволство.
Девица
Забавата и дружењето не се на врвот на списокот на Девиците, бидејќи за празниците сакаат да се затворат сами, со добра книга или филм.
Факт е дека овој знак сонува за Божиќ далеку од дома и целата таа традиционална еуфорија.
Бик
Бикот не може да се препушти на магијата, бидејќи има општ проблем со пуштањето на конците во секојдневието.
Воопшто не му се интересни сите собири, ниту пак ги сака семејните ручеци. Постојано е под грч дека нешто ќе тргне наопаку.
М. Д. | Црнобело