Скорпиите се премногу љубоморни, Рибите простуваат брзо - Што мрази секој знак кај себеси?
Секој од нас има лоши страни и маани за кои е целосно (не)свесен.
Според астрологијата овие работи се кристално чисти и јасни. Секој од знаците во зодијакот мрази нешто кај себеси -дознајте што според вашиот хороскопски знак:
Овен – Мразите колку импулсивни сте. Генерално носите лоши одлуки, како пишувањето смс пораки на поранешните партнери доцна во ноќта или порачувањето четврта текила. Следното утро се каете поради своите непромислени постапки.
Бик – Премногу трошите време на патење и страдање. Премногу долго го држите гневот во себе. Потребно ви е многу повеќе време да ги преболите поранешните партнери. Постојано евоцирате спомени од минатото и посакувате да престанете да мислите на вчера и да започнете конечно да се занимавате со иднината.
Близнаци – Најмногу мразите колку ви е тешко да донесете наједноставна одлука. Луѓето ве етикетираат како неодлучни бидејќи постојано го менувате мислењето. Но, ова се случува поради фактот што премногу ги анализирате работите. Секогаш сакате да донесете правилна одлука. Се плашите од лоши одлуки, па постојано го менувате мислењето, а тоа ви оди на живци.
Рак – Зошто сум толку голем емотивец? Ова постојано ви поминува низ главата. Премногу се грижите. Постојано сте на раб на плачење и солзи. Се плашите да влезете во конфликт или пожестока дискусија, затоа што не можете да ги искажете аргументите без да прснете во плач.
Лав – Свесни сте дека другите точно знаат колку умеете да бидете контролно настроени – и тоа ве нервира. Немате намера да се однесувате како некој шеф, меѓутоа сметате дека тоа е потребно со цел квалитетно да се завршат работите уште први првиот обид. Вие сте природно надарен водач и тешко ви е да излезете од оваа улога.
Девица – Го мразите фактот колку тешко ви паѓа да се откажете од контролата. Вашиот живот ќе биде многу полесен доколку им дозволите на другите да ви помогнат, но вие инсистирате да бидете целосно независни и да ги држите сите конци во раце. Сакате сè да биде по ваше.