Со секој знак пријателството е различно - Кај Раковите може да се исплачете, со Скорпиите да ги уништите непријателите
Можеби не верувате во хороскоп, но мора да признаете дека е прилично интересен и забавен. А има и такви кои не само што веруваат во астрологијата, туку ги бираат и пријателите според хороскопскиот знак.
Што обожаваат вашите пријатели кај вас согласно знакот во Зодијакот?
Овен - Вашата страст за сè во животот. За дружба, за смеа, за работа. И најмалата ситница во животот ја правите со љубов и внимание. Целосно се внесувате во нештата, можеби затоа сè ви оди од рака.
Бик – Вашата смиреност и бруталната искреност. Ретко ја губите контролата и речиси секогаш добро ги премислувате работите пред да кажете што било. Никогаш не давате први коментар, но доколку ве замолат за искреност, немате влакна на јазикот.
Близнаци – Смешни сте, интересни, и секогаш имате одлични приказни за раскажување. Добри пријатели со одлична смисла на хумор. Одбирате да им бидете лојални само на неколкумина, за кои би го превртеле и светот наопаку.
Рак – Секогаш носите храна со себе и сте одлично рамо за плачење. Во речиси секоја ситуација имате нешто слатко и солено за грицкање во чантата. Пријателите ве обожаваат, нарекувајќи ве вистинско „домаќинче“, а кога им е најтешко, секогаш може да се исплачат пред вас.
Лав – Лојални до последниот здив и подготвени да се тепаат за пријателите. Навидум делувате надмено и нарцисоидно, но вистината е дека пријателите за вас се центарот на светот. За нив сте подготвени за одите до крајот и да преземате драстични мерки, макар ги трпеле последиците на својата кожа.
Девица – Останувате смирени во секоја ситуација и секогаш делите најдобри совети. Типично за Девиците, практични сте, сакате фер игра и почитување на правилата. Ретко што може да ве извади од такт и давате прилично добри совети, независно од ситуацијата.