Со секој знак пријателството е различно - Кај Раковите може да се исплачете, со Скорпиите да ги уништите непријателите

koga-treba-da-se-prasa-srceto-se-prasuva-rakot-koga-treba-da-se-vkluci-mozokot-vodolijata-sto-obozavaat-prijatelite-kaj-sekoj-od-znacite-2-2.jpg

Вага – Одличен 5+ за давање совети поврзани со модата и љубовта. Особено обожавате заплеткани љубовни ситуации и сте самопрокламиран експерт за овие проблеми. Исто така, кога некој има важен настан, со задоволство ќе му дадете совет или облека за дотерување.

Скорпија – Ќе ги уништите непријателите на вашите пријатели. Слично како и Лавовите, подготвени сте да одите до крајот на светот за вистинските пријатели што ве заслужуваат. Одлично чувате тајни и имате ум за кроење заговори и одмазда.

Стрелец – Вашата ноншалантност, слободниот дух и мисла и вашата опуштеност. Пријателите покрај вас се чувствуваат слободно и сакано, без никаков проблем да бидат она што сте. Сите маски паѓаат во вашето присуство, бидејќи не осудувате никого.

Јарец – Вие сте лојални и доверливи. Колегите кои искрено ќе ви се обратат за помош истата ќе ја добијат. Не сте лицемерни и не ликувате кога некој е на дното. Наместо потсмев, вие подавате рака за помош.

Водолија – Ве обожаваат затоа што ја согледувате реалната страна на нештата. Кога е потребно да зборува срцето го прашуваат Ракот, кога е потребно да се вклучи мозокот ве прашуваат вас. Срдечни сте и прилично дарежливи со подароците.

Риби – Симпатични сте, талентирани и секогаш наоѓате интересни теми за разговор. Сите што сакаат да ги избегнат досадните и површни теми, доаѓаат кај вас на муабет. Пријателите може да поминат часови и часови во разговори со вас, кои им прелетале за неколку минути.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
4 хороскопски знаци кои остануваат вечно млади во душа Стрелците се потсетник за сите останати знаци дека за да останеме млади во душа,...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg