Хороскопот открива: Зошто (не) ги сакаме Водолиите?
Зошто Водолиите ни се толку чудни и несфатливи? Неретко размислуваме дали се искрени или лажни пријатели, дали лесно умеат да засакаат некого или им е потребно повеќе време, дали се добри или лоши луѓе, вообразени или само незаинтересирани за светот околу нив…
Што е проблемот со родените во знакот на Водолија?
Водолијата, пред сè, е совршен пријател, доколку реши дека сака да ти биде пријател.
Тврдоглави се, но често пати ја прикриваат сопствената инаетливост поради стравот дека нема да бидат прифатени во друштвото.
Себични се и многу своеглави. Секогаш, ама баш секогаш се ставаат себеси на прво место.
Непостојани и променливи. Денес те обожаваат, а утредента не те препознаваат на улица.
Интересно кај Водолиите е тоа што ќе се согласат со сè што ќе им предложите, но ќе го направат само она што тие го сакаат.
Пријателите им се на прво место, (после нив, се разбира) но само обидете се да ги оставите на цедило и да ги изневерите.
Но, за луѓето коишто ги одбрале да бидат дел од нивното најблиско опкружување, Водолиите се посветени, лојални и премногу добри пријатели. Понекогаш нивната добрина се граничи со глупавост, бидејќи дозволуваат да бидат искористени.
Кога Водолијата сака некого, тоа трае практично до смртта. Дури и откако врската ќе заврши, Водолијата чувствува силна љубов и приврзаност кон личноста.
Меѓутоа, гордоста им е секогаш пред љубовта, па често пати ги кријат своите чувства, што резултира со долгогодишно патење поради донесените одлуки.
Кога ќе падне во депресија, се лекува со филмови и серии, се затрупува со работа, или пак излегува без да се прибере до раните утрински часови.
Искрени се, но само кон оние луѓе коишто им значат. За нив умеат да бидат рамо за плачење, полни разбирање и поддршка.
Едно е сигурно, со Водолиите никогаш нема да ви биде досадно. Активни се, авантуристи, многу интересни, полни со идеи, друштвени, а за нив смеата и насмевката се лек за сè во животот.
(О)Милена | Црнобело