Со нив секој ден е смешен: 6-те најзабавни знаци во хороскопот
Смислата за хумор не е нешто што може да се научи од книга. Некои луѓе се раѓаат со таква дарба и ја надоградуваат во текот на животот.
Да се биде смешен, значи и дека личноста е спонтана и дека не се плаши да искористи ниту иронија, ниту сарказам, ниту пак несекојдневни шеги и со тоа да го добива целосното внимание.
Тоа не може да биде одглумено и затоа треба да бидеме среќни ако имаме таква личност околу нас, бидејќи сигурно секој ден ќе ни биде исполнет со смеа.
А еве на кои хороскопски знаци најчесто припаѓаат овие луѓе:
Вага
Вагите имаат луда смисла за хумор благодарение на која нивните пријатели почнуваат да се смеат уште во моментот кога ќе ги видат.
Скорпија
Иако во поголемиот дел од времето се стабилни и строги, кога ќе им се случи да се релаксираат, ќе сфатите колку всушност Скорпиите имаат смисла за хумор.
Овен
Тие секогаш ќе бидат кловновите во групата, кои се трудат да ги насмеат своите пријатели - и тоа навистина добро им оди.
Лав
Нивниот хумор е спонтан и на високо оригинално ниво, бидејќи на што би личело еден Лав да се обиде да ве насмее со стар виц?
Стрелец
Имаат природна смисла за хумор, но тешко ја контролираат во границите на пристојноста. Сепак, не мислат ништо лошо со тоа.
Бик
Тие никогаш нема да се двоумат да ги засмеваат своите пријатели и често се во центарот на вниманието на забавите.
Е. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





